Реакција од Судскиот совет на Република Македонија

sudski sovet
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од Судскиот совет на Република  Македонија и претседателот на ова тело, Сашко Георгиев на емисијата „Код“ емитувана на националната телевизија Телма во редовниот неделен термин ( 14 мај 2022 година) под наслов „Какви скандали се кријат во Судскиот совет?“







Почитувана Уредничке Лупевска Созен!

Со внимание и голем интерес ја изгледавме последната емисија на изданието „Код“, која во целост беше посветена на работата на Судскиот совет на РМ и последните случувања. Не радува што вашата телевизија континуирано и посветено ги следи случувањата во Судскиот совет, но сметаме дека во интерес на јавноста сме должни да реагираме на некои изнесени невистини и полувистини, констатации и конструкции, кои не ја одразуваат вистината.

Без да навлегуваме детално во некои констатации што беа искажани на сметка на Судскиот совет како „срам за судството“, “сериозни преседани“„ незаконско работење и кршење на законите“, „класични политички пазарења и надворешни влијанија“, „победа на пучистите“, „исклучување на јавноста“… кои заслужуваат поголема и поширока медиумска елаборација, сакаме да се осврнеме на неколку конкретни случаи што беа наведени во емисијата, а кои што треба да сугерираат дека Судскиот совет на РСМ продолжува со кршење на законот, или не ја извршува својата уставна функција и по промената на претседателката Дамева.

1. Додатокот на ризик од 5 отсто наменет за стручните служби завршил на сметките на судиите за зголемувањето од 78 отсто на платите.

Во емисијата беше експлицитно искажано тврдење во форма на прашање: Зошто на претседателот Георгиев прв приоритет му беа платите на судиите? Или, како што беше речено, во превртената “робинхудовска приказна“ да се земе од посиромашните за сметка на побогатите.

Не сакам да спорам дека таква одлука е донесена од Судско буџетскиот совет и за тоа е дадено соодветно образложение од Министерството за финансии. Но, воедно, сакам да нагласам неколку факти, кои не и се познати на јавноста, а со кои се прави грубо импутирање на моето име во оваа постапка.

Имено, сакам да потенцирам дека не сум учествувал, ниту одлучувал во работата на Судскиот буџетски совет , бидејќи во времето кога е донесена одлуката, иако формално бев избран за нов претседател на Судскиот совет, а со тоа и прв човек на

Судскиот буџетски совет, не раководев со седницата на Судски буџетски совет, бидејќи немав депониран потпис. Со седницата раководеше претседателот на Врховниот суд на РМ, што е во согласност со законските прописи, бидејќи е по функција заменик, а што може лесно да се провери.

2. Анонимна претставка за коруптивно поведение на судија на Врховен суд и член на Судскиот совет од Штип.

Неспорно е дека постои анонимна претставка, но подвлекувам дека таа се однесува на други лица од друг суд, а не од штипскиот суд, со што свесно и злонамерно се злоупотребува моето име, алудирајќи дека „новиот претседател на Судскиот совет доаѓа од штипското подрачје“.

Ве повикувам во интерес на вистината, како Редакција да направите увид во споменатата претставка, со цел да се уверите во веродостојноста на истата.

Се надевам како професионална Редакција и емисија, која има големо влијание во медиумскиот простор, ќе ја објавите уште во текот на денешниот ден нашата реакција и ќе ги земете предвид нашите објаснувања.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK