Државјанин на Албанија со иницијали Ф.К. пријавил дека во селото Симница, Гостиварско додека изведувал градежни работи, од патничко возило било пукано кон него и неговиот другар.
Потоа, според пријавеното, возилото го напуштило местото на настанот.
Од МВР велат дека нема повредени лицаза време на пукањето.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар и се преземаат мерки за расчистување на случајот.