Приведени криумчари на мигранти

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 20.00 часот на автопатот А1, Неготино – Градско, во близина на клучка Неготино, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност лишиле од слобода малолетник од село Студеничани, скопско. При контрола во патничко возило „фиат стило“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени осум лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник, извести МВР.



„Во 20.05 часот на автопат А1, во близина на локалитет „Стоби“, друг тим на Мобилната единица ги лишиле од слобода Е.Д.(30) и 46-годишната Е.Ш., двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека со патничко возило „фолксваген голф “ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Е.Д., биле претходница на возилото „фиат“ во кое се превезувале мигранти“, соопшти МВР.

Лицата бил приведени во полициска станица, а мигрантите биле спроведени во прифатнo-транзитен центар за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK