Приведен разбојник од Скопје, против него е поднесена кривична пријава

PRIVEDEN -LISICI
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СВР Скопје – ЕВР Центар и Бит Пазар поднесе кривична пријава против скопјанецот С.И.(63) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.







Од МВР информираат дека на 2 март годинава во казино на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, пријавениот со закана со пиштол кон вработениот одзел пари од дневниот промет. По преземени мерки и активности тој бил лишен од слобода и со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом.

Со кривичната пријава С.И. бил изведен пред судија на претходна постапка, од чија страна на лицето му е одредена мерка домашен притвор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK