Приведен крадец во Тетово

Приведен-крадец-во-Тетово.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Вчера околу 20 часот и 30 минути на улица „133“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово, извести МВР.

– Тој бил затекнат при обид да одземе патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, при што оштетил и друго возило со тетовски ознаки, паркирано во близина. Подоцна, кај малолетникот било пронајдено патничкото возило „опел астра“ со тетовски ознаки, кое вчера беше пријавено за одземено на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, соопшти МВР.

Пронајденото возило му е вратено на сопственикот М.И.(63) од Тетово, а малолетникот е задржан во Полициската станица Тетово. Инаку, претходно во 13 часот и 35 минути малолетникот бил пријавен од неговата 44-годишна мајка дека се оддалечил од дома.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK