Вчера вечер во 23 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ја лишиле од слобода 54-годишната М.К. од Скопје затоа што при извршен претрес со судска наредба во нејзиниот дом, на подрачјето на Карпош, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и дигитална вага, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.