Патниот правец Македонска Каменица – Делчево во целосен прекин поради сообраќајка

kamion
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Патниот правец Македонска Каменица – Делчево е во целосен прекин, од 15:20 часот, поради случена сообраќајна меѓу камион и комби возило, која се случи кај местото Манасово Маало.







Во моментот според добиените информации од делчевската полиција, нема повредени лица.

Камионот и комби возилото како што додадоа оттаму се уште се наоѓаат на коловозот, а во тек е и увид на местото на настанот.

Поради дождот кој со прекини од утрово паѓа во Пијанечкиот регион, сообраќајот на магистралата А3 се одвива по влажни коловози, заради што надлежните апелираа на претпазливо возење и почитување на сообраќајната сигнализација.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK