Вчера во 19.20 часот на улица „Димитар Влахов“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.Д.(57) од Охрид.
Тој се сомничи дека претходно во просториите на Итната медицинска помош во Охрид физички нападнал еден вработен во Здравствениот дом.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.