Одбиено барањето на сопственикот на „ДоказМ“ за иземање на обвинителот Рајчев

dokaz-m
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Апелацискиот суд Скопје денеска го одби барањето на обвинетиот Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „Доказ М“, за иземање на обвинителот Сашо Рајчев од случајот „ДоказМ“.







На изминатата расправа во Апелација обвинетиот Стаменковски, побара иземање на обвинителот Рајчев, бидејќи, според него, тој соработувал со него на дел од предметите за кои што му се суди.

По поднесеното барање одлучуваше Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, бидејќи, вишиот јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи, исто така, беше споменат во барањето.

На Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „Доказ М“ Основниот кривичен суд Скопје му изрече единствена затворска казна во траење од три години и еден месец. Стаменковски се товареше за пет кривични дела, односно за две дела ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и за злоупотреба на лични податоци.
Освен затворската на Стаменковски му беше изречена и парична казна од 5 000 евра заради злоупотреба на лични податоци како и забрана за вршење професија или дејност поврзана со кривичните дела, односно му се забранува регистрација на домен за портал за период од 10 години, а му престанува регистрацијата на домените кои што тој ги регистрирал.

При претрес на домот на сега осудениот полицијата запленила документација, електронски уреди и 90.000 евра. За оваа сума пари Обвинителството се сомнева дека потекнуваат од други кривични дела и за нив е отворена нова истражна постапка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK