Сообраќајот на регионалниот пат Делчево – Македонска Каменица е нормализиран, откако беше во прекин поради сообраќајна несреќа во која учествувале камион и комби кај месноста Манасово Маало.
Од делчевската полиција информираа дека увидот е завршен, а сообраќајот целосно е нормализиран околу 16:45 часот.
Во сообраќајната несреќа на повреда се пожалил возачот на камионот, кој, како што информираа од Итната медицинска помош од Делчево, со нивно возило е пренесен во Клиничка болница Штип.
Причините за несреќата не се познати, иако МИА од полициски извори дознава дека возачот на комби возилото бил пронајден во Македонска Каменица каде е запрен од страна на полицијата.
Повеќе детали за случајот полицијата најави за вечерва.