Малолетник бил нападнат од двајца малолетници во автобус на ЈСП, завчера, на пладне.
Случајот бил пријавен од родител на нападнатото момче.
„Ѓ.С.(34) од Скопје пријавил дека на 11.02.2025 околу 13.00 часот во автобус на ЈСП, на подрачјето на Гази Баба, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници, при што еден од нив се обидел да го нападне и со остар предмет“, објави МВР во дневниот полициски билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.