Македонски државјанин учествувал во сообраќајка во Албанија, загинала жена


albanija-soobrakajka.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тешка сообраќајка во која учествувал македонски државјанин се случила на полноќ на магистралниот патен правец Прењас-Либражд.


Според информациите на албанските медиуми,  до несреќата дошло околу полноќ, а учествувале автомобил и камион.

„Возилото управувано од 34-годишен маж се судрило со камионот управуван од државјанин од Северна Македонија“, известува „Топ ченал“.

Во несреќата животот го загубила сопатничката, а возачот на автомобилот е тешко повреден. Повредениот првично бил пренесен во болницата во Либражд, а потоа во регионалната болница во Елбасан.

Се сомнева дека причина за несреќата е движењето на возилата со брзина над дозволената брзина на остра кривина во Пишкаш, додека се прибираат докази за инцидентот за да се утврдат причините кои довеле до несреќата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK