СВР Струмица поднесе кривична пријава против 55-годишниот В.Т. од Струмица, затворски полицаец во Казнено – поправна установа Затвор Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“, извести МВР.
„На 12.04.2024 во една од просториите во установата, пријавениот физички го нападнал осуденикот А.Т.“, соопшти МВР.