СВР Скопје поднесе кривична пријава против 40-годишниот З.Г. од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, извести МВР.
„На 02.03.2024 на Граничен премин Табановце, пријавениот на увид приложил фалсификувана возачка дозвола од Италија“, соопшти МВР.