СВР Охрид поднесе кривична пријава против 20-годишниот М.У. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, извести МВР.
„На 10.03.2024 во 03.40 часот, тој со уште едно лице, со запалива течност предизвикал пожар во угостителски објект на булеварот „Туристичка“ во Охрид“, соопшти МВР.
Судија на претходна постапка на М.У. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, по што е префрлен во Казнено – поправната установа Затвор Охрид за издржување на мерката.