Казни за 275 возачи во државата, возеле над дозволеното

234-санкции-за-брзо-возење.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 275 возачи.

Од нив 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 155 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 120 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK