Едни се заканувале со нож, други пресретнале возило и го оштетиле со тврд предмет


noz-napad.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчераа во СВР Тетово биле пријавени два одвоени инциденти со закани и насилство.


Во 20:00 часот, И.У. (66) од селото Желино пријавила дека во автобус Н.Ќ. од истото село ѝ се заканувал со остар предмет.

Половина час подоцна, во 20:30 часот, Џ.В. (26) од Тетово пријавил дека додека управувал патничко возило „голф“ на локалниот пат од Тетово кон селото Брвеница, бил престигнат од друго возило кое му го блокирало патот. Според пријавата, од возилото излегле неколку лица кои со тврд предмет му го оштетиле автомобилот, а кај себе имале и оружје.

Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK