Еден убиен, двајца повредени во пукање на „Пластичарска“

Приведен-германски-државјанин-баран-со-меѓународна-потерница-за-недозволена-трговија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Еден убиен и двајца ранети во пукањето кое синоќа околу полноќ се случи на булеварот „Никола Карев“, познат како „Пластичарска“, потврди МВР.

Убиениот е 29-годишен скопјанец кој заедно со уште едно лице на 19-годишна возраст, исто така од Скопје биле хоспитализирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. По укажаната помош 29-годишникот кој бил примен во тешка состојба им подлегнал на повредите.

„На 26.05.2024 околу 23.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје имало пукање“, информираат од МВР.

„Во 23.45 часот, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен Т.А.(24) од Скопје. Во 23.51 часот, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени О.Б.(19) и А.И.(29), двајцата од Скопје, каде што по укажаната помош, во 00.45 часот на 27.05.2024, А.И. починал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK