Вчера во 11.55 часот во СВР Охрид било пријавено дека на пресекот од ул.„Железничка“ со ул. „Абас Емин“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Л.Р.(70) и мотоцикл „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.Ѓ.(21), двајцата од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот Д.Ѓ. и неговата сопатничка В.С.(61) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид.