Двајца тетовци во текот на вчерашниот ден биле пријавени од страна на нивните невенчани соопруги дека ги нападнале во семејниот дом.
Според информациите од СВР Тетово, во првиот случај приведен е 36-годишниот Б.И. од тетовско село, кој бил пријавен од неговата невенчана 34-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал.
Слично и во вториот случај, приведен е 30-годишниот И.Б. од тетовско село, кој бил пријавен од неговата невенчана сопруга дека физички ја нападнал во семејниот дом.
Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе им биде изготвен поднесок.