„Цитроен“ удрил во паркирани возила во Тетово: повредени возачот и сопатникот

Screenshot_18.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Утрово во 07.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница на ул.„Илинденска“ со ул.„Киро Ристоски Дрнц“ во Тетово, патничко моторно возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.З.(30) од Тетово, удрило во паркирани патнички моторни возила: „форд“ со тетовски регистарски ознаки, патничко моторно возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, додека со телесни повреди се здобил сопатникот Љ.А.(19) од тетовско Гајре, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK