Бебе повредено во една од трите сообраќајки кои се случија вчера во Тиквешијата


soobrakajka.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Три сообраќајки се случија вчера во Тиквешијата.  Во една од сообраќајките, на патот Кавадарци – село Возарци, кон селото Дреново, имаше едно потешко и едно полесно повредено лице. Во сообраќајната несреќа од градот кон росоманското село Рибарци, во која имаше и деветмесечно бебе, се работеше за полесни повреди. Во третата сообраќајка, стануваше збор за незгода на патот Неготино – село Градско, во близина на археолошкиот локалитет Стоби.


Повеќе детали за сообраќајките, се очекуваат во текот на денот, од страна на СВР Велес.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK