СВР Тетово поднесе кривична пријава против 75-годишниот Е.З. од тетовско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство, извести МВР.
„На 05.03.2024 во семејниот дом, по претходна расправија, пријавениот физички ја нападнал неговата снаа Н.Б.“, соопшти МВР.