СЗО: Европа старее, следната година ќе има повеќе луѓе над 65 години отколку под 15 години

Во 2024 година во Европа ќе има повеќе луѓе на возраст над 65 години отколку на возраст под 15 години, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), повикувајќи на подобрени мерки за поздрава возраст. „Следната година, популацијата на луѓе над 65 години се проценува дека ќе ги надмине оние под 15 години во европскиот регион на СЗО“, соопшти организацијата. На глобално ниво, …

Continue Reading

Кирби: Америка нема да и помага на Украина бесконечно

Америка нема да дава воена помош за Украина на неодредено време, изјави координаторот за стратешки комуникации на Белата куќа, Џон Кирби. „Денеска објавивме пакет помош од 200 милиони долари и ќе продолжиме да помагаме колку што можеме, но помошта нема да биде бесконечна“, рече Кирби. Како што додаде тој, САД имаат можност да ги поддржат и Украина и Израел „на …

Continue Reading

Трамп: Израел не беше подготвен, Нетанјаху не изневери

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го критикуваше премиерот на Израел, велејќи дека Бенјамин Нетанјаху не бил подготвен за напад на палестинската милитантна група Хамас. „Не беше подготвен. Израел не беше подготвен. А со Трамп не би морале ниту да бидат подготвени“, изјави Трамп за „Фокс њуз“, пренесува Ројтерс. Обраќајќи им се на приврзаниците на митинг во Флорида, поранешниот американски претседател …

Continue Reading

Разбиена криминална банда од Балканот во Франција и Монако: мафијата ја предводел Србин

Криминална група со потекло од Балканот „падна“ во Монако и Франција по опсежна истрага на локалната полиција. Вкупно 19 лица се уапсени под сомнение за криминални активности како шверц на дрога и оружје, како и перење пари преку лажни фирми, објави Нова.рс. Како што наведува БФМТВ, минатиот вторник беа уапсени 13 лица во Франција и уште шест во Монако како …

Continue Reading

Израелска армија: Напаѓаме подземни тунели на Хамас

Додека израелските воздушни напади врз Газа продолжуваат, Џонатан Конрикус, портпарол на израелската војска, вели дека нивните авиони гаѓаат подземна мрежа изградена и населена од милитантите на Хамас. „Она што Хамас го направи откако ја презеде контролата пред речиси 20 години е изградба на мрежа од тунели од градот Газа и под градот Газа сè до Кан Јунис и Рафах“, вели …

Continue Reading

Израелските одбранбени сили: Да, Хамас обезглавуваше бебиња

На најновиот брифинг за медиумите, портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Џонатан Конрикус, рече дека војската „може со релативна сигурност да каже“ дека милитантите на Хамас кои го нападнаа кибуц Беери во саботата обезглавија деца. Портпаролот на Бенјамин Нетанјаху и најмалку еден член на ИДФ ги повторија извештаите за обезглавување на бебиња и други цивили од Хамас, но тие извештаи …

Continue Reading

Кралот Чарлс: Ова во Израел е варварство и тероризам, чист ужас

Британскиот крал Чарлс е ужаснат од варварските терористички акти во Израел, изјави портпаролот на Бакингемската палата, по нападот на Хамас врз Израел. „Неговото височество е многу загрижено за оваа ситуација и побара активно да се информира за развојот на настаните. Неговите мисли и молитви се со сите оние кои страдаат, особено оние кои ги загубија најблиските, но и оние кои …

Continue Reading

Бајден: Му кажав на Нетанјаху дека Израел мора да го почитува законот за војна во одговорот на Хамас

Американскиот претседател Џо Бајден го предупреди Иран да „биди внимателен“ и му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека САД испраќаат воена помош во борбата на Израел против Хамас. Обраќајќи им се на група водачи на еврејската заедница во САД, Бајден за прв пат го поврза распоредувањето на американската флота во источниот Медитеран во близина на Израел со стравувањата дека …

Continue Reading

Путин во Киргистан, на првото патување во странство по налогот на Меѓународниот кривичен суд

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во посета на Киргистан, објавија новинските агенции на двете земји, што е прво познато патување на руски лидер во странство откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење. Путин ретко ја напушта Русија од почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година и не е познато дека патувал надвор од земјата откако Меѓународниот …

Continue Reading