СЗО: Европа старее, следната година ќе има повеќе луѓе над 65 години отколку под 15 години

СЗО-Европа-старее-следната-година-ќе-има-повеќе-луѓе-над.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во 2024 година во Европа ќе има повеќе луѓе на возраст над 65 години отколку на возраст под 15 години, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), повикувајќи на подобрени мерки за поздрава возраст.

„Следната година, популацијата на луѓе над 65 години се проценува дека ќе ги надмине оние под 15 години во европскиот регион на СЗО“, соопшти организацијата.

На глобално ниво, таква ситуација веројатно ќе се случи околу 2064 година, според проекциите на институтот „Нашиот свет во податоци“.

„Овој тренд укажува на нови социјални, економски и епидемиолошки предизвици“, додаде организацијата, чиј европски регион собира 53 земји, од кои некои се наоѓаат во Централна Азија.

Низ Стариот континент, продолжениот животен век често оди рака под рака со нарушеното здравје. За да се ублажи влијанието на стареењето на населението, СЗО ги повикува властите да преземат мерки за „да им овозможат на постарите луѓе да го задржат и подобрат своето физичко и ментално здравје, независност, социјална благосостојба и квалитет на живот“.

Меѓу препорачаните мерки се издвојуваат урамнотежена исхрана и физичка активност од најмалку 150 минути неделно.

„Уште поинтензивната физичка активност може да го намали ризикот од смртност од сите причини за 35 проценти“, истакна СЗО.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK