Објавена фотографија од мајката и ќерката што ги ослободи Хамас, нивен роднина откри зошто отишле во Израел

Откако групата Хамас објави дека ослободила двајца американски државјани од заробеништво во Газа, висок израелски функционер објави дека тоа се Џудит Ранан и нејзината ќерка Натали. Според „Тајмс оф Израел“, двете биле префрлени во Меѓународниот Црвен крст. „Тие се жители на Еванстон, а во Израел дојдоа овој месец за да го прослават 85. роденден на роднина и еврејските празници“, рекол …

Continue Reading

Тројца мажи од САД поминале 36 години невини во затвор, ќе добијат огромна отштета

Балтимор ќе плати 48 милиони долари на тројца мажи кои поминале по 36 години во затвор за убиства што не ги извршиле. Во спогодбата стои дека полицијата погрешно ги уапсила како тинејџери. Тројката тврдеше дека детективите имале шема на притисок врз сведоците, односно дека не се однесувале така само во нивниот речиси 40-годишен случај. Градскиот обвинител во Балтимор ги прогласи …

Continue Reading

(Видео) Невреме ги погоди Британија, Франција и Данска: поплавени се улици, има загинати

Делови од источна Шкотска денеска беа погодени од големи поплави откако бурата Бабет донесе пороен дожд и ветрови со брзина до 113 километри на час, а предупредувањата за поплави и бури беа издадени во јужна Франција и Данска. Британската метеоролошка служба издаде црвено предупредување за прв пат од февруари 2020 година, предвидувајќи дека во некои области ќе има и до …

Continue Reading

Германска министерка: Мора да ги депортираме поддржувачите на Хамас

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер рече дека приврзаниците на Хамас треба да бидат депортирани од земјата, во случаи каде што е тоа можно. Таа најави дека властите внимателно ќе ги следат потенцијалните исламистички напаѓачи. Зградата на еврејската заедница во центарот на Берлин, во која има и синагога и градинка, беше нападната со молотов коктел ноќта меѓу вторникот кон …

Continue Reading

Огромното мнозинство Израелци веруваат дека Нетанјаху е виновен што не го спречил нападот на Хамас

До 80 отсто од Израелците веруваат дека премиерот Бенјамин Нетанјаху мора да ја преземе одговорноста за безбедносните пропусти откриени со нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, според анкетата за весникот „Маарив“, чии резултати беа објавени денеска. Началникот на Генералштабот на израелската армија, директорот на военото разузнавање и директорот на разузнавањето Шин Бета признаа дека нивните служби не успеале …

Continue Reading

Објавен список на автомобили што треба да ги возат руските функционери: Лада, Москвич, Хавал

Руската влада објави список на автомобили од домашно производство што државните службеници треба да ги купат, без разлика дали се руски или кинески, како уште една потврда за инфилтрацијата на Пекинг во руската автомобилска индустрија по инвазијата на Украина. Како што Западот избегнува соработка со Русија, Москва исто така ги избегнува западните корпорации. Руското Министерство за индустрија и трговија денеска …

Continue Reading

Хамас упати понуда до Израел, Израел одби

Хамас му понуди на Израел ослободување на голем број заложници во замена за итен прекин на огнот. Израел, засега, не се согласил на оваа понуда, наведува Би-Би-Си. Во тек се преговори со меѓународно посредништво за ослободување на заложниците во Газа, но нема официјална потврда од ниту една страна за деталите од разговорите. Претходно израелската војска (ИДФ) објави дека повеќето од …

Continue Reading

Американците загрижени за Орбан: „Одлучи да застане на страната на криминалецот“

Соединетите Држави се загрижени за односите на Унгарија со Русија и ја сметаат одлуката на премиерот Виктор Орбан да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за „загрижувачка“, соопшти американската амбасада во Будимпешта. Во вторникот, Орбан одржа билатерална средба со Путин на маргините на форумот „Појас и пат“ во Пекинг. Тој е единствениот лидер на Европската унија кој присуствуваше на …

Continue Reading

Швајцарија прави соларни електрани од старите сателитски антени

Две швајцарски компании ќе ги претворат застарените сателитски антени на Алпите во огромни соларни панели и на тој начин ќе ги искористат предностите на планинскиот терен за производство на зелена енергија. Тоа е втора инсталација од ваков вид во градот Леук во кантонот Вале за претворање на стара антена во електрана. Сместени на планина, соларните панели ќе добиваат повеќе директна …

Continue Reading