Лудница во спринтот во Херез, победи Мартин

Хорхе Мартин го освои првото место на спринт трка во Херез во рамките на Мото ГП шампионатот. Шпанецот на Прамак Дукати беше убедлив, максимално ги искористи проблемите со кои се соочија неговите конкуренти и на крајот ја мина целта за 19:52.682 минути. На второто место со речиси три секунди заостанување се најде младиот Педро Акоста (ГасГас) кој продолжи да постигнува …

Continue Reading

Иџе во поход по нова европска титула: „Очекувам добра трка“

Трикратниот европски шампион, Игор Стефановски Иџе овој викенд со трката во Австрија започнува нова сезона во која ќе се обиде да стигне до четвртата титула во Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC). Летечкиот Македонец, Игор Стефановски викендов пред нов предизвик. Во Австрија, на патеката Рекбер тој ќе го започне својот најнов поход на Европскиот шампионат на ридски патеки, кој и …

Continue Reading

Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул

Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер. Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си. Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, …

Continue Reading

Марко: Ауди му нуди голема плата на Саинц

Консултантот во Формула 1 тимот Ред Бул, Хелмут Марко, за време на тркачкиот викенд во Кина потврди дека австрискиот тим разговарал со возачот на Ферари, Карлос Саинц Јуниор за можноста тој да се врати во тимот. Ред Бул продолжи со доминантните изданија во новата сезона, Макс Ферстапен триумфираше на денешната, додека на подиумот, како трет се искачи и Серхио Перез. …

Continue Reading

(Видео) Падна светскиот рекорд во маратон

Атлетичарката од Кенија, Перес Јепчирчир постави нов светски рекорд во маратон. Во Лондон таа влезе во целта со време од два часа, 16 минути и 16 секунди. Зад олимписката шампионка, второто место на трката во главниот град на Велика Британија и припадна на Тигст Асефи од Етиопија, додека трета беше Џојселин Џепкосгеи од Кенија. И Асефи и Џепкосгеи трката ја …

Continue Reading

(Видео) Ленс Строл нема квалитет за Формула 1

Макс Ферстапен победи на трката за Големата награда на Кина. Холанѓанецот ја забележа првата победа во Шангај, вкупно 58. во кариерата. Ферстапен, рутински славеше пред Ландо Норис од Мекларен и тимскиот колега Серхио Перез. Неколку часа по завршувањето на трката најмногу се зборува за почетничката грешка на Ленс Строл. Во моментте кога возилото за безбедност втор пат ја напушти патеката, …

Continue Reading

Ферстапен победи во Кина, Норис втор, Перез трет

Макс Ферстапен ја забележа четвртата победа во петтата трка оваа сезона во шампионатот на Формула 1. Актуелниот светски првак ја освои Големата награда на Кина на патеката во Шангај. Покрај Холанѓанецот, на пудиумот завршија Ландо Норис од Мекларен и Серхио Перез. Ферстапен, рутински дојде до 58. во кариерата и покрај тоа што возилото за безбедност два пати излегуваше на патеката. …

Continue Reading

(Видео) Дуплантис (повторно) го собори сопствениот рекорд

Швеѓанецот Арманд Дуплантис продолжи да ги поместува границите во дисциплината скок со стап. Тој го собори сопствениот светски рекорд за еден сантиметар на митингот во Дијамантската лига во Ксианмен, Кина. Новиот светски рекорд сега изнесува 6,24 метри, претходниот рекорд го постави лани во септември на митингот во Јуџин, САД. „Прв пат се натпрварувам во Кина и одлично е вака да …

Continue Reading

Ферстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18.место

Макс Ферстапен по победата во спринтот, доминираше и во квалификациите во пресрет на трката за Големата награда на Кина. Апсолутната доминација на Ред Бул ја потврди Серхио Перез кој трката ќе ја стартува од второто место. Актуелниот светски првак со време 1:33.660 ја освои 37 пол-позиција во кариерата, а на Ред Бул му ја донесе јубилејната 100. победа во квалификациите. …

Continue Reading