Лудница во спринтот во Херез, победи Мартин

Jorge-Martin-Juara-Sprint-Race-MotoGP-Jerez-2024-Pedro-Acosta-Permalukan-Marc-Marquez-di-Spanyol.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Хорхе Мартин го освои првото место на спринт трка во Херез во рамките на Мото ГП шампионатот.

Шпанецот на Прамак Дукати беше убедлив, максимално ги искористи проблемите со кои се соочија неговите конкуренти и на крајот ја мина целта за 19:52.682 минути.

На второто место со речиси три секунди заостанување се најде младиот Педро Акоста (ГасГас) кој продолжи да постигнува одлични резултати во својата прва сезона во кралската класа.

Блесна и тоа не по своја вина и Фабио Кваратараро. Светскиот шампион со Јамаха од 2021 година од 23. дојде до третото место.

Спринтот во Херез сигурно е една од најинтересните и најчудните трки во Мото ГП во последните 10 години.

Буквално сите кандидати за висок пласман паднаа, а само Марк Маркез успеа да се врати и да ја продолжи трката. Шпанецот којс тартуваше од пол-позицијата, првото место го загуби во првите неколку свиоци.

Сепак не се откажа, во деветтиот круг успеа да го мине Мартин, но на чело на трката беше само еден круг, бидејќи падна, се врати на патеката и на крајот го освои осмото место.

Трката не ја заврши ниту актуелниот шампион, Пеко Бањаја, исто како и Вињалес, Басијанини, Алекс Маркез, Биндер…

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK