Австралија опен нема право да го именува стадионот по Ѓоковиќ
На почетокот на 2022 година, кога австралиските власти го депортираа Новак Ѓоковиќ од земјата, се појави измислена вест дека тоа се прави за да се спречи стадионот во Мелбурн да го носи неговото име. Наводно, постои правило според кое играчот што ќе го освои десет пати ја добива таа чест. Ноле победи пред една година и ја осови десеттата титула …
Continue Reading
Надал елиминиран од Томпсон во Бризбејн
Џордан Томпсон го елиминираше Рафаел Надал во четвртфиналето на АТП турнирот од серијата 250, во Бризбејн. Австралиецот, успеа да спаси три меч топки во вториот сет и потоа по три часа и 28 минути игра го победи шпанскиот тенисер. Рафа Надал, по пауза од 349 дена му се врати на тенисот. Успешно ги мина првите две рунди во Бризбјен (Тим …
Continue Reading
„Последните два пати бев повреден, па двата пати победив на Австралија опен“: Ѓоковиќ се закани на конкуренцијата
Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето го заврши натпреварувањето во Купот на Јунајтед откако беше поразен од Алекс де Минор (6:4, 6:4), а Србија ги загуби преостанатите два меча од Австралија. Сепак, најголем аларм беше фактот што српскиот тенисер почувствува болка во зглобот на десната рака и што неколкупати му беше укажана помош, иако нецелосна и несоодветна, на што конкретно се осврна. …
Continue Reading
Де Минор и повредата посилни од Ѓоковиќ
Новак Ѓоковиќ го доживеаа првиот пораз во сезоната. Светскиот број 1 загуби од Алекс Де Минор на Јунајтед купот во Перт. Австралија против Србија, во четвртфиналето води со 1:0. Новак Ѓоковиќ по шест години и серија од 43 победи, доживеа пораз на австралиска почва. Алекс Де Минор победи со 6:4, 6:4. Поразот сигурно нема да го загрижи најдобриот во светот, …
Continue Reading
(Видео) Надал се врати со победа
Рафаел Надал по пауза од 349 денови му се врсти на тенисот на импресивен начин. Шпанецот во дуелот на гренс слем шампиони, во првото коло во Бризбејн го победи Доминик Тим со 7:5, 6:1. Во поголемиот дел од мечот гледавме тенис кој не потсети на најдобрите денови на Надал и Тим. До резултатот 5:5 во првиот сет, дуелот беше изедначен, …
Continue Reading
Ѓоковиќ го повреди зглобот на раката пред почетокот на АО
Новак Ѓоковиќ на Јунајтед купот во Перт го победи Јиржи Лехечка, но ги загрижи своите фанови пред поечтокот на Австралија опен. Ѓоковиќ во текот на мечот два пати бараше медицинска помош. Најдобриот во светот има проблем со зглобот на десната рака. На крајот тој славеше во три сета (6:1, 6:7, 6:1), но реши да не игра во микс0дублот против Чешка. …
Continue Reading
АИПС: Новак Ѓоковиќ и Симон Бајлс најдобри во светот
Меѓународната асоцијација на спортски новинари (AIИПС) традиционално на крајот на годината ги прогласи најдобрите спортисти во светот. Лауреати за 2023 година се Новак Ѓоковиќ во машка и Симон Бајлс во женска конкуренција. Пред неколку дена за најдобри во светот Ѓоковиќ и Бајлс ги прогласи и влијателниот француски спортски весник „Лекип“. Во гласањето учествувале 405 новинари од 107 земји. Ѓоковиќ беше …
Continue Reading
(Видео) Отровна змија го прекина натпреварот на Тием
Квалификацискиот натпревар за главната ждрепка на АТП турнирот меѓу Австриецот Доминик Тием и Австралиецот Џејмс Мекејб, одигран во саботата во Бризбејн, мораше да биде прекинат поради змија која влегла на теренот. Мекејб го доби првиот сет против Тием кога навивачите забележаа змија во близина на електричните жици покрај теренот. Играта беше прекината и продолжи дури по 40 минути, откако фаќачот …
Continue Reading
Надал: Не ми се допаѓа денешниот тенис
Дел од интервјуто кое Рафаел Надал го даде за „Ел Паис“ се појави на социјалните мрежи и веднаш предизвика голем интерес во јавноста. Целото интервју ќе биде објавено во недела, но дотогаш ќе има доволно дискусија врз основа на само неколку реченици. Интересен е коментарот на Надал за модерниот тенис. „Играта еволуираше во тенис кој се сведува на тоа кој …
Continue Reading