Ројтерс: Винисиус останал без наградата поради неговата борба против расизмот?

Златната топка, односно фактот што Винисиус Жуниор не е лауреат оваа година, се уште е тема на светските медиуми. Наградата за најдобар, му припадна на играчот од средниот ред Родри, кој со шпанската репрезентација го освои Европското првенство и со Манчестер сити Премиер лигата. Многумина мислат дека овој избор му нанел неправда на Бразилецот кој со Реал Мадрид ги освои …

Continue Reading

„Големата тројка владееше затоа што растеше без паметни телефони?“

Доминик Тим се пензионираше минатата недела, а сега во интервју за подкастот „New Lifestyle“ на Сајмон Мунди, презентираше интересна теорија за доминацијата на големата тројка, како и на некои други спортисти: „Мислам дека не е случајно што се родени неколку неверојатни спортисти меѓу 1981 и 1987 година“, истакна поранешниот шампион на Ју-ес опен и дополни: „Роџер Федерер, Лионел Меси, Кристијано …

Continue Reading

Синер се повлече од Мастерсот во Париз

Италијанскиот тенисер Јаник Синер нема да игра на Мастерсот во Париз. Ваква одлука донел, непосредно пред својот прв меч во француската престолнина, поради проблемот предизвикан од стомачен вирус. Затоа не тренираше претходните денови, па повлекувањето беше логична опција. Сепак, тој посочува дека не е ништо сериозно. „Не сум загрижен за Торино или Дејвис купот“, изјави Синер за „Скај Спорт“. Синер …

Continue Reading

(Видео) Шок за Пеликанс, Мареј си ја скрши раката

И покрај триумфот над Чикаго Булс (123:111), новата сезона започна катастрофално за Њу Орлеанс Пеликанс. Пеликаните во првиот меч останаа без еден од клучните играчи. Како што објави EСПН, Дежонте Маре се здобил со фрактура на левата рака. Мареј доминираше на премиерата против Чикаго Булс со 14 поени, 10 асистенции и осум скока, до повредата. Ова беше негов деби настап …

Continue Reading

Откриено колку вреди златниот рекет на Рафа

Рафаел Надал неодамна играше на егзибискиот турнир „Слем на шест кралеви“ во Ријад, Саудиска Арабија. Шпанецот, кој во ноември треба и официјално да замине во пензија, во Ријад одигра меч за третото место со вечниот ривал Новак Ѓоковиќ од кого загуби со 6:2, 7:6 (5). Покрај чекот од 1,5 милиони долари за учество на турнирот кој го освои Јаник Синер, …

Continue Reading

Јелена Ѓоковиќ: Новак е шампион на обичните луѓе, а не на богатите

Јелена Ѓоковиќ смета дека статусот на нејзиниот сопруг Новак меѓу обичните луѓе е далеку поважен од бројните титули најдобар тенисер во историјата на „белиот спорт“. „Кога гледаме што се случува во светот, тенисот е толку мала призма на животот, но на луѓето им носи среќа, радост и надеж. Сакам да го гледам како шампион на обичниот човек, а не на …

Continue Reading

Ѓоковиќ се откажа од Париз – последен меч со Надал годинава?!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да настапи на Мастерсот во Париз. Како што пренесува „Спортклуб“, Ѓоковиќ ќе го нема во салата Берса во Париз во периодот од 28 октомври до 3 ноември за кога е закажан овој турнир. Новак неодамна го освои третото место на егзибицискиот турнир „Слем на шесте кралеви“, каде по победата над Рафаел Надал изјави дека ќе …

Continue Reading

Сабаленка се врати на првото место на ВТА листата

Арина Сабаленка се врати на првото место на ВТА листата. На најновата ВТА листа, тенисерката од Белорусија има само 41 поен повеќе од Ига Швјонтек. Сабаленка дебитираше на првата позиција минатата година по Отвореното првенство на САД во септември. Таа ја задржа тениската круна околу два месеци, а потоа и ја одзеде Ига Швјонтек со победата на завршниот Мастерс во …

Continue Reading

Синер го освои егзибицискиот турнир во Ријад и заработи шест милиони долари

Италијанскиот тенисер Јаник Синер е победник на егзибицискиот турнир „Слемот на шест кралеви“. Првиот светски рекет го совлада Карлос Алкараса во финалето во Ријад по пресврт со 2:1 (6:7, 6:3, 6:3). Мечот со Шпанецот беше се освен егзибиција, бидејќи влогот беше голем. Дури шест милиони долари заработи победникот. Можеби Синер можеше порано да ја заврши работата, доколку беше малку поконцентриран. …

Continue Reading