Ѓоковиќ доминираше, па во тај-брејк го скрши „лаки лузерот“ од Аргентина

Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Мајами откако го совлада Аргентинецот Камило Хуго Карабели со 2:0 ( 6:1, 7:6 (1)). Ѓоковиќ вечерва го забележа 411-от триумф на турнирите од Мастерс серијата и го престигна Рафаел Надал за првото место на вечната листа. Ѓоковиќ имаше брејк топки во два од трите сервис-гема на неговиот ривал и реализираше два …

Continue Reading

Ѓоковиќ: Ќе продолжам да играм, да видиме колку ќе издржам

Иако нема освоено ниту една АТП титула од ноември 2023 година, кога го освои завршниот мастерс во Торино, Новак Ѓоковиќ нема намера наскоро да ја заврши кариерата. Тој го потврди ова, во Макајми, во изјава за Тенис ченел. „Додека се чувствувам како што се чувствувам сега, задоволство и уживање е да се биде на теренот. Без разлика каде сум. Сакам …

Continue Reading

Ѓоковиќ го победи Хиџиката па испрати емотивна порака

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, по пауза од шест години настапи на Мастерсот во Мајами. Во рамките на второто коло тој го победи Австралиецот, Ринки Хиџиката. Ѓоковиќ за 81 минута победи со резултат 6:0, 7:6. Ова беше втор триумф на Новак во директни дуели со Австралиецот, кого го победи во Бризбејн на почетокот на годината. Негов следен ривал ќе биде Аргентинецот …

Continue Reading

Прва победа на Ник Кирјиос по 29 месеци

Ник Кирјиос, австралискиот тенисер го победи Мекензи Мекдоналд во првото коло на Мастерсот во Мајами. Кирјиос успеа да победи за прв пат од октомври 2022 година, кога во Токио славеше над Камил Мајжак. Ник овојпат го совлада Мекензи Мекдоналд со 2:1, по сетови 3:6, 6:3, 6:4 и во второто коло ќе игра со Карен Хачанов. Кирјиос одигра само еден меч …

Continue Reading

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Здружението на тенисери (PTPA), основано од Новак Ѓоковиќ, покрена правна постапка против управните тениски тела. Документите беа поднесени во Окружниот суд на САД во Њујорк. Во тужбата на 163 страници, меѓу другото, се вели дека „професионалните тенисери се заробени во наместена игра“ што им дава „ограничена контрола врз нивните сопствени кариери и брендови“. Се критикува распоредот, системот на рангирање и …

Continue Reading

Дрејпер го декласира Руне, го освои Мастерсот во Индијан Велс

Британскиот тенисер Џек Дрејпер, го оствари најголемиот успех во кариерата, го освои Мастерсот во Индијан Велс. Моментално 14. тенисер на АТП листата, во финалето го победи Холгер Руне, 13. на АТП листата со 6:2, 6:2. Дрејпер беше благ фаворит во финалето, но никој не очекуваше дека работата ќе ја заврши за само 70 минути. Британецот направи два брејка во двата …

Continue Reading

Сензационалната Андреева преку Шјонтек до финалето во Индијан Велс

Руската сензација Мира Андреева избори пласман во финалето на Мастрсот во Индијан Велс. Во полуфиналето 17-годишната Андреева ја надигра Ига Шјонтек со 7:6, 1:6, 6:3. Ова е втор последовно финале за Андреева на турнирите од Мастерс серијата, откако пред три недели играше во финалето во Дубаи. Интересно и во Дубаи во полуфиналето ја победи Швјонтек. „Голема победа во тешки услови. …

Continue Reading

Надал ги спореди Федерер и Ѓоковиќ

Рафаел Надал, прв пат по пензионирањето проговори за ривалства што ги имаше во текот на кариерата со Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ. Надал има позитивен скор во дуелите со Федерер, негативен во дуелите со Ѓоковиќ. „Натпреварите против нив двајца беа сосема тактички различни“, објасни Надал во подкастот на Енди Родик. „Со Роџер тактиката беше едноставна. Затоа моето ривалство со Федерер …

Continue Reading

Заврев: Играм ужасно, не размислувам дека можам да бидам број 1

Александар Зверев, светскиот број 2, се наоѓа во слободен пад откако во јануари го загуби финалето на Австралија опен. Зверев на четири турнири по ред доживеа елиминација во раната фаза. Доцна синоќа на Мастерсот во Индијан Велс, Германецот доживеа елиминацја во второто коло до Талон Грикспур. Зверев, поради суспензијата на Синер, имаше шанса даго преземе првото место, но по серијата …

Continue Reading