Дејли Мејл: Ѓоковиќ ги запишал своите деца на училиште во Грција, заминува од Србија
Новак Ѓоковиќ ги запишал своите деца во приватно училиште во Грција, а неговото семејство започнува нов живот во оваа земја, по извештаите дека бил цел на српската влада поради поддршка на студентските протести, пишува „Дејли Мејл“. Освојувачот на 24 Гренд Слем титули, кој долго време се сметаше за национален херој, се соочи со остри критики во последните месеци од медиумите …
Continue Reading
Заврши сезоната за Џек Дрејпер
Британскиот тенисер Џек Дрејпер ја заврши сезоната поради повреда на левата рака. Седмиот играч на планетата, кој блескаше на Индијан Велс, каде што ја освои титулата, ќе мора да паузира до крајот на годината. Во еден момент Дрејпер беше четврти на АТП листата, но неодамна доживеа пад, токму поради повредата. Доживеа разочарување на Вимблдон каде што беше елиминиран од Марин …
Continue Reading
Сабаленка ја одбрани титулата на Ју-ес опен
Арина Сабаленка успеа да ја одбрани титулата на Отвореното првенство на САД. Тенисерката број еден во светот ја победи Американката Аманда Анисимова во финалето со 6:3, 7:6. Анисимова го загуби и второто гренд слем финале оваа година. Претходно на Вимблдон беше поразена од Ига Швионтек. Со победата во Њујорк, Сабаленка успеа да освои три Гренд слем титули оваа година, не …
Continue Reading
Ѓоковиќ: Најдобриот и најлошиот момент во кариерата ми се случија на ОИ
Во интервју со Џеј Шети на Јутјуб, Новак Ѓоковиќ го откри најдобриот и најлошиот момент во неговата кариера. И двата се случиле на Олимписките игри. „Најдобриот беше кога го освоив златниот медал во Париз минатата година. Дури и подобар од освојувањето на Дејвис купот и освојувањето на првиот Вимблдон затоа што знаев дека може да биде мојата последна шанса. Најлошиот …
Continue Reading
Каспер Руд: Тешко е да се игра кога сè околу тебе мириса на марихуана
Норвешкиот тенисер Каспер Руд коментираше дека мирисот на марихуана многу му пречи на Отвореното првенство на САД. Откако употребата на марихуана беше легализирана во Њујорк во 2021 година, Отвореното првенство на САД речиси секоја година го следи истата приказна – тенисерите се жалат на мирисот што доаѓа од трибините и околу терените. Каспер Руд се пласираше во второто коло на …
Continue Reading
Федерер стана милијардер
Поминаа три години откако Роџер Федерер ја заврши својата кариера, но и покрај тоа популарноста на швајцарскиот тенисер не опаѓа. Всушност, како што проценува „Форбс“, 44-годишникот од Базел сега има богатство од 1,1 милијарда долари. Неговото богатство се зголеми благодарение на добриот бизнис на брендот „Он“, кој продава патики. Федерер, чии родители работеле во фармацевтската индустрија, зад себе има импресивни …
Continue Reading
(Видео) Ѓоковиќ го фрли првиот „пич“ пред дербито Јенкис-Ред Сокс
Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, имаше чест да го фрли првиот „пич“ непосредно пред големото бејзбол дерби помеѓу Њујорк Јенкис и Бостон Ред Сокс. Ривалството помеѓу Јенкис и Ред Сокс е едно од најголемите во сите американски спортови, и јасно е зошто Ѓоковиќ одлучи да биде на стадионот Јенки во своето слободно време. Новак имаше чест да го …
Continue Reading
Швјонтек го освои Синсинати
Полската тенисерка Ига Швјонтек ја освои титулата на турнирот од серијата ВТА 1000 во Синсинати. Во финалето, тенисерката од Полска ја победи Италијанката Јасмин Паолини по два сета со 7:5, 6:4. Ова е нејзина прва титула на овој турнир, и ја врати на второто место на ВТА листата и на второто место за носител на претстојниот Ју-ес опен кој започнува …
Continue Reading
Синер му предаде на Алкараз, Шпанецот го освои Синсинати
Шпанецот Карлос Алкараз ја освои титулата на Мастерсот во Синсинати. Во финалето, Алкараз славеше по само дваесет минути игра против најдобриот тенисер во светот и бранител на титулата Јаник Синер. Синер го предаде натпреварот при водство на Алкараз 5:0 во првиот сет. Се уште не е познато за каква повреда станува збор. Италијанецот се држеше во неколку наврати во пределот …
Continue Reading