Ѓоковиќ мора да сруши делови од вилата
Новак Ѓоковиќ и шпанските власти најдоа решение, за вилата на тенисерот во Марбеља. Покрај казната што српскиот тенисер ќе мора да ја плати, тој ќе мора да отстрани одредени помошни објекти за кои немал градежна дозвола. „Ла Опин де Малага“ пишува дека проблемот е всушност тремот, надворешниот туш и пренамената на подрумот во гаража. „Во февруари 2025 година, општината го …
Continue Reading
Шелтон го освои Торонто
Американецот Бен Шелтон, четвртиот носител, ја освои својата прва титула на АТП Мастерс 1000 во Торонто. Шелтон в финалето го победи 11-от носител, Карен Хачанов, со 6-7(5), 6-4, 7-6(3). „Ова е надреално чувство. Беше долга недела и не беше лесен пат до финалето. Го покажав мојот најдобар тенис кога беше најважно. Бев жилав, бев упорен, бев отпорен. Сето ова се …
Continue Reading
Викторија Мбоко, сензационална шампионка во Монтреал
Канадската тинејџерка Викторија Мбоко ја освои својата прва ВТА титула откако изненадувачки ја победи четирикратната Гренд слем шампионкса, Наоми Осака. Во финалето на Мастерсот во Монтреал, тинејџерката славеше над Осака со 2-6, 6-4, 6-1. 18-годишната тенисерка, која дојде на турнирот со „вајлд карта“, се опорави откако го загуби првиот сет во кој поранешната тенисерка број еден во светот експресно повреде …
Continue Reading
Ју-ес опен го обезбеди најголемиот награден фонд во историјата на тенисот
Наградниот фонд за учесниците на претстојниот Гренд слем во Њујорк ќе биде најголем во историјата, објавија организаторите. Колективно, учесниците ќе поделат сума од 90 милиони долари, од кои пет милиони ќе им припаднат на победниците во машка и женска конкуренција. Патем, само победниците на турнирот „Шест кралеви слем“ во Ријад добиваат повеќе пари, но вкупните пари обезбедени од Саудијците за …
Continue Reading
Марсеј го сруши клупскиот рекорд – Паишао пристигна на „Велодром“
Бразилскиот фудбалер Игор Паишао (25) стана највредното засилување во историјата на Олимпик Марсеј. Клубот од југот на Франција му плати на Феенорд 35 милиони (30+ бонуси) за поранешниот играч на Коритиба. Паишао пристигнува во Марсеј по три одлични сезони во дресот на клубот од Ротердам, со кој освои и една титула во холандското првенство. Зад себе има брилијантна сезона и …
Continue Reading
(Видео) Шокираниот Медведев искрши сè по елиминацијата во Вашингтон
Дуелот помеѓу Данил Медведев и Корентан Муте ја донесе најлудата завршница и најлудиот поен на меч топка оваа сезона. Муте, сензационално го победи Медведев во четвртфиналето на Вашингтон по пресврт и речиси два и пол часа борба со 1:6, 6:4, 6:4. Апсолутно никој, а веројатно ни самиот Французин, не очекуваше таков исход, особено откако експресно го загуби првиот сет. Погледнате …
Continue Reading
Кирјос повторно „удри“ по Синер: Измамени сме дами и господа
Австралискиот тенисер Ник Кирјос не престанува да го критикува Јаник Синер по скандалот со допинг. Синер двапати не го помина тестот минатата сезона поради клостебол, а на почетокот на оваа година отслужи тримесечна суспензија. Италијанецот го отпушти Умберто Ферара, тренерот за кондиција вклучен во скандалот, пред последниот почетокот на Ју-ес опен минатат година, но во меѓувреме одлучи да го врати …
Continue Reading
Синер повторно го ангажира тренерот од аферата „Клостебол“
Светскиот број 1, Италијанецот Јаник Синер, повторно го ангажираше својот поранешен тренер за физичка подготовка, Умберто Ферара. Минатата година, Синер се раздели со Ферара и физиотерапевтот Џакомо Налди откако против него беше покрената истрага за земање на забранетиот лек, клостебол, што резултираше со негова тримесечна суспензија по спогодбата со Светската антидопинг агенција (WADA). Толку блага казна беше изречена бидејќи беше …
Continue Reading
Венус Вилијамс победува и на 45-годишна возраст
Венус Вилијамс стана втората најстара тенисерка со победа на ВТА во историјата. Американската тенисерка доби посебна покана за турнирот во Вашингтон и на 45-годишна возраст ја победи Пејтон Стернс, 35-та тенисерка во светот. Вилијамс лесно ја победи својата сонародничка, резултатот беше 2:0 (6:3, 6:4). Американската тенисерка стана втората најстара тенисерка со победа на ВТА. Рекордот сè уште го држи Мартина …
Continue Reading