Синер го освои Монте Карло и се врати на првото место на АТП листата

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го освои Мастерсот во Монте Карло и се врати на првото место на АТП листата. Во финалето, Синер го победи бранителот на титулата, Карлос Алкараз, со 7:6 (5), 6:3. Ова е прва титула на Јаник на земјена подлога на турнир од серијата 1.000. Во понеделник, тој ќе ја започне 67-та недела како број 1. Синер ја …

Continue Reading

(Видео) Медведев го допре дното – Пораз 6:0, 6:0 од Беретини

Италијанскиот тенисер, Матео Беретини го декласираше светскиот број 10 Данил Медведев во второто коло од Мастерсот во Монте Карло, победувајќи го со 6:0, 6:0 за само 49 минути. Дефинитивно ова е најтешкиот пораз во кариерата на рускиот тенисер, поранешен светски број 1. Медведев одигра катастрофален натпревар, што го потврдува и статистиката: направи пет двојни грешки, имаше само 36% од своите …

Continue Reading

Пол спаси три меч топки и ја го освои Хјустон

Американецот, Томи Пол, на волшебен начин ја освои титулата на АТП турнирот од серијата 250 во Хјустон. Пол, освоил најмалку една титула на сите подологи. Во финалето, во Хјустон, Американецот спаси три меч топки против Роман Андрес Буручага и победи со 6:1, 3:6, 7:5. За петтиот трофеј во кариерата (два во сала, еден на бетон надвор и еден на трева), …

Continue Reading

Синер не запира, го освои и Мајами

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го освои Мастерсот во Мајами без да изгуби сет. Во финалето на Мајами, обележано со дожд и одложување од речиси 90 минути, Јаник Синер го победи Јиржи Лехечка со 2-0 во сетови по еден час и 34 минути игра – 6:4, 6:4. Италијанецот го комплетираше популарниот Саншајн Дабл, односно Индијан Велс и Мајами еден по друг, …

Continue Reading

Сабаленка влезе во историјата го освои Саншајн Дабл

Арина Сабаленка го освои Мастерсот во Мајами и успеа да постигне еден од од најтешките подвизи во тенисот – Саншајн Дабл. Белорусинката ги освои Индијан Велс и Мајами во рок од две недели, а загуби само два сета на двата турнира. Со овој успех, Сабаленка стана петтата тенисерка во историјата со ваков подвиг. аа им се приклучи на Штефи Граф, …

Continue Reading

„Сантијаго Бернабеу“ станува тениска сала

Стадионот „Сантијаго Бернабеу“ наскоро ќе добие сосема ново лице, а наместо фудбал, таму ќе се тренира тенис, и тоа пред Мастерсот во Мадрид. Челниците на Реал Мадрид решија да го искористат периодот во кој првиот тим нема да игра дома и да го претворат стадионот во привремен центар за тренинг на земјена подлога за врвни тенисери. На крајот на април, …

Continue Reading

Синер сруши рекорд на Ѓоковиќ

Јаник Синер ја продолжува својата доминација, во Мајами официјално влезе во историјата, го сруши рекордот на Новак Ѓоковиќ за број на последователни освоени сетови на турнирите од Мастерс серијата. Со победата над Корантен Муте во Мајами (6:1, 6:4), Синер стигна до 26 последователни сетови на ова ниво, надминувајќи ја серијата на Ѓоковиќ од 24 од 2016 година. Синер ја започна …

Continue Reading

Корда го победи Алкараз

Тенисерот број еден во светот, Карлос Алкараз, доживеа шокантен пораз во третото коло од Мастерсот во Мајами. Карлос Алкараз беше запрен од Себастијан Корда во меч кој траеше два часа и 20 минути, а заврши со резултат 2-1 за Американецот – 6:3, 5:7, 6:4. За Корда, моментално рангиран на 36-то место во светот, ова е втора победа во кариерата над …

Continue Reading

Синер го освои Индијан Велс

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го освои Мастерсот во Индијан Велс победувајќи го Данил Медведев во финалето со резултат од 2:0 (7:6, 7:6). Финалето беше многу неизвесно, без ниту еден брејк и решено во два тај-брека. Во првиот тај-брек, Русинот имаше 5:4, но Италијанецот прв стигна до сет топка и ја искористи втората за да поведе. Во вториот, Медведев поведе со …

Continue Reading