Македонија со пораз го започна настапот на ЕП
Foto/ EPA Македонската ракометна репрезентација со пораз го започна настапот на 16. Европско превенство. Во Дизелдорф Македонија, во првиот меч на првенството загуби од Франција со 29:39 (13:17). Пред 50.000 гледачи на „Меркур Шпил Арена“ во Дизелдорф, Македонија на фаворитот му „покажа заби“, но во второто полувреме Франција го демонстрираше индивидуалниот квалитет и сурово ги казни сите грешки на македонските …
Continue Reading
Македонија на полувреме има минус од четири гола
Foto/ ehfeuro.eurohandball.com/men/2024 Македонија на полувреме има негатива од четири гола против Франција 13:17). Македонија и Франција го играат првиот натпревар на Европското првенство, кое во Дизелдорф официјално ќе биде отворено во 20.15 часот, а потоа ќе следува натпреварот меѓу домаќинот Германија и Швајцарија. Македонија пред 50.000 гледачи на „Меркур Шпил Арена“ во Дизелдорф, во првиот дел им „покажа заби“ на …
Continue Reading
Македонија и Франција ќе го отворат ЕП во ракомет
Вечерва со натпреварите од А групата, Македонија-Франција и Германија-Швајцарија започнува Европското првенство во ракомет. Шампионатот ќе се игра во наредните 18 дена во Дизелдорф, Берлин, Келн, Хамбург, Минхен и Манхајм. 24 репрезентации поделени во шест групи ќе се борат за европската титула, која ќе се обиде да ја обрани селекцијата на Шведска. Најдобрите две селекции од секоја група ќе продолжат …
Continue Reading
Селекторот делумно задоволен од играта против Грција
Foto/ facebook.com/rfmofficial Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, делумно е задоволен како одиграа неговите избранци во победата над Грција 33:30. Синоќа македонските репрезентативци го одиграа вториот контролен натпревар, прет почетокот на Европското првенство. „Грција е квалитетен противник. Почнавме во грч, но брз ги надминавме проблемите и влеговме во посакуваниот ритам. Мислам дека можевме да одиграме уште подобро. Не …
Continue Reading
Ракометарите ја победија Црна Гора
Foto/ macedoniahandball.com.mk Ракометната репрезентација на Македонија во контролен натпревар ја победи Црна Гора со 39:37. Натпреварот се одигра во Стара Пазова, а според договорот по завршувањето на мечот, ракометарите одиграа уште едно полувреме. Македонските репрезентативци на овој начин ја завршија првата фаза од подготвките. Тие утре се враќаат во Македонија, од селекторот ќе добијат два слободни дена, а на 2 …
Continue Reading
(Видео) Лазаров задоволен од текот на подготовките
Извор/ macedoniahandball.com.mk Ракометната репрезентација на Македонија, во Стара Пазова, Србија, го спроведува првиот дел од подготвките за Европското првенство. Овој дел од подготвителниот период Македонија ќе го заокружи со пријателскиот натпревар против Црна Гора на 29 декември. Селекторот Кирил Лазаров е задоволен од она што досега сработеното.
Continue Reading
Дувњак: Французите ми ги уништија соништата
Капитенот на ракометната репрезентација на Хрватска се отвори во интервју за ЕХФ како дел од серијалот „Златни соништа“. Во интервјуто призна дека не може да го заборави поразот во финалето на Европското првенство во 2010 година во Австрија. „Тој натпревар засекогаш ми остана во сеќавање“, изјави Дувњак. Хрватска тогаш го одбрани европското сребро освоено две години претходно во Норвешка, но …
Continue Reading
Франција преку Норвешка до третата светска титула
Foto/ EPA Франција ја освои титулата на женскиот Мундијал. Во финалето, Франција ги победи бранителките на трофејот Норвежанските со 31:28 (20:17). Франција трет пат, во седмото финале, го освои златниот медал. Апсолутно заслужено, бидејќи на ова Светско првенство два пати успеа да ја победи Норвешка. Со исклучок на првите 15 минути, кога Норвешка стекна предност од два гола, Франција во …
Continue Reading
Данска ја освои бронзата на СП
Ракометарите на Данска ја освоија бронзата на Светското првенство. Во малото финале Данска ја победи Шведска во Хернинг со 28:27 (18:15). Данска до победата ја предводеа Ен Хансен, Кристина Јоргенсен и Мие Хојлунд со по пет гола. За Шведска подобри од останатите беа Оливија Мелегард и Лин Блом со по седум гола. Данска подобро го започна натпреварот, контролирајќи ги случувањата …
Continue Reading