Хрватска го елиминира најголемиот фаворит на ватерполо турнирот

Ватерполистите репрезентацијата на Хрватска приреди големо изненадување во четвртфиналето со 10:8 ја елиминира Шпанија, според сите прогнози најголемиот фаворит за златниот медал. Извонредната прва четвртина во која Јокивиќ постигна два гола, а Бијач не им дозволи на Шпанците да постигнат гол им го трасираше патот кон полуфиналето на хрватските ватерполисти. Имаа Хрватите 6:3 на крајот од првото полувреме, а кога …

Continue Reading

Ди Џанантонио официјален возач на Дукати во ВР46

Италијанскиот мотоциклист Фабио ди Џанантонио потпиша договор со Дукати според кој I во следните две сезони ќе вози за тимот ВР46. Тимот на деветкратниот светски шампион Валентино Роси минатиот викенд потврди дека ќе стане официјален тим на Дукати, а според овој договор на располагање ќе имаат еден мотоцикл со најновите спецификации и еден од претходната сезона. Еден од предводниците на …

Continue Reading

Спогодбено се разделија Струга и Бесарт Ибраими

Актуелниот шампион Струга ТЛ во одбрана на титулата ќе тргне без најдобриот стрелец. Бесарт Ибраими на неколку дена пред почетокот на новата сезона спогодбено го раскина договорот со клубот. Како што стојат работите Ибраими ќе се врати во Шкендија, каде што и веројатно ќе ја заврши кариерата. Бесарт Ибраими покрај во Струга и Шкендија, во Македонија има настапувано за Ренова, …

Continue Reading

Де Варгас ја спушти „ролетната“ – Шпанија го елиминира Египет

Ракометарите на Шпанија се пласираа во полуфиналето на Олимписките игри откако во четвртфиналниот меч ја совладаа селекцијата на Египет со резултат 29:28. „Црвената фурија“ во продлженијата го елиминираше Египет, кој во најголемиот дел од натпреварот беше подобриот тим на теренот. Селекцијата на Египет одлично влезе во натпреварот. Таа поведе со 4:2, но Шпанците тргнаа во серија од 3:0 и првпат …

Continue Reading

Индијка остана без златниот медал бидејќи тежела 150 грама повеќе од дозволеното

Винеш Фогат репрезентативка на Индија во борење, беше дисквалификувана неколку часа пред нејзиниот последен настап на Олимписките игри. Фогат требаше да настапи во финалето во борбата за златото, во категоријата до 50 килограми, но не го мина мерењето пред борбата. Звучи неверојатно, но судиите ја дисквалификуваа бидејќи имала само 150 грама повеќе од дозволената тежина за таа категорија. Така Сара …

Continue Reading

Кариерата ќе ја заврши во Лисабон – Ди Марија го продолжи договорот со Бенфика

Аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија го продолжи договорот со Бенфика до јуни 2025 година, соопшти португалскиот клуб. Ди Марија (36) пристигна во Бенфика во 2023 година, а веќе настапуваше за клубот од 2007 до 2010 година. Покрај за Бенфика, тој играше и за Јувентус, Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед, Реал и Росарио. Аргентинскиот фудбалер минатата сезона одигра 48 натпревари и …

Continue Reading

Адријан Њуи ја прифатил понудата од Астон Мартин

Адријан Њуи (65), легендарниот дизајнер на автомобили во Формула 1, се чини дека го направи својот избор и одлучи каде ќе ја продолжи кариерата по заминувањето од Ред Бул.   Медиумите шпекулираат дека Њуи од следната сезона ќе работи во Астон Мартин. Овој тим му понудил можност можност фундаментално да ја обликува иднината на тимот кој драматично се трансформираше во …

Continue Reading

Кубанскиот џин освои златен медал по петти пат во истата дисциплина

Михаин Лопез Нуњез, 41-годишниот борач во грчко-римски стил, постигна неверојатен и историски резултат на Олимписките игри во Париз. Кубанецот го освои петтиот златен медал на петтите игри по ред. Во финалната борба во грчко-римски стил до 130 килограми, Лопез Нуњез го совлада Чилеанецот Јасмани Акоста Фернандез со 6:0 и освои нов златен медал во својата блескава кариера. Своето прво злато …

Continue Reading

„Билд“: Најмалку пет ѕвезди на Баерн мора да си заминат

Баерн Минхен е исклучително активен во летниот преоден рок. Баварците за тројца фудбалери потрошија 125 милиони евра. Нови фудбалери на Баерн станаа: Мајкл Олисе за 53 милиони евра од Кристал Палас, играчот од редот за врска Жоао Палиња за 51 милион евра од Фулам и дефанзивецот Хироки Ито за 23,5 милиони евра од Штутгарт. Хрватскиот репрезентативец Јосип Станишиќ се врати …

Continue Reading