(Видео) Голема победа на Наполи во Бергамо

Фудбалерите на Наполи остварија голема победа во натпреварот од 21. коло на Серија А против Аталанта со 3:2. Ова беше дуел меѓу првиот и третиот тим во Серија А, а по оваа победа Наполи има седум бода повеќе од тимот од Бергамо. Избраниците на Антонио Конте ја забележаа шестата победа во низа и сега се на врвот на табелата, а …

Continue Reading

ИХФ парично го казни РФМ и ја предупреди Македонија дека може да игра и без публика на СП

Фото/ facebook.com/rfmofficial Светската ракометна федерација (ИХФ) ја казни Ракометната федерација на Македонија, но и Ракоментниот сојуз на Хрватска за случувањата по завршувањето на натпреварот Македонија-Холандија, во Вараждин. Натпреварот заврши со победа на Холандија 37:32. Македонските навивачи, незадовлни од судењето на данската двојка Хансен-Мадсен, во финишот на натпреварот фрлаа предмети на теренот, а откако натпреварот заврши продолжија поради што Холанѓаните веднаш …

Continue Reading

(Видео) Арсенал испушти предност од два гола, Астон Вила освои бод во Лондон

Арсенал и Астон Вила ремизираа 2:2 во Лондон во возбудливото дерби од 22. коло на англиската Премиер лига. Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, повторно беше кобен за својот поранешен клуб, откако минатата сезона буквално ги остави без титула, тогаш со неговиот тим победи во Лондон. Од тој натпревар Манчестер сити го презеде првото место и ја задржа предноста. Сега …

Continue Reading

(Видео) Јувентус за пет минути го реши Милан

Фудбалерите на Јувентус славеа против Милан во дербито од 21. коло на Серија А со 2:0 Головите за старата дама ги постигнаа Ембангула во 59. минута и Тимоти Веа во 64. минута. Ова е втор триумф на Јувентус во последните девет натпревари. Во оваа серија Јувентус седум пати одигра нерешено. По оваа победа Јувентус го прескокна Лацио и сега е …

Continue Reading

Салах доби понуда од 200 милиони евра по сезона

Ал Хилал, актуалниот шампион на Саудиска Арабија има план како да го замени Нејмар на крајот од сезоната, во случај Бразилецот да го напушти клубот. Целта им е да доведат врвен играч, а првите две имиња на листата се Мохамед Салах од Ливерпул и Родриго од Реал Мадрид. Примарна цел на Ал Хилал е Салах, кој извесно е дека ќе …

Continue Reading

(Видео) Дарвин херој на Ливерпул кај Брентфорд, победија Фулам и Кристал Палас

Во терминот од 16 часот се одиграа три натпревари во Премиер лигата и сите завршија со победи на гостите со идентични 2:0. Ливерпул во судиското надополнување го скрши отпорот на Брентфорд и оствари нова победа и со тоа го задржа првото место на табелата. Двоен стрелец за Ливерпул беше Дарвин Нуњез, кој во 91. и 93. минута го матираше голманот …

Continue Reading

(Видео) Џастин Клајверт со хет-трик ја прекина победничката низа на Њукасл

Фудбалерите на Борнмут го совладаа Њукасл „Сент Џејмс Парк“ со 4:1, во првиот натпревар од 22. коло на англиската Премиер лига. „Црешите“ го растажија својот поранешен менаџер Еди Хау и ја прекинаа брилијантната серија на Њукасл од девет последователни победи, од кои шест во Премиер лигата. Исто така заврши и серијата на Александер Исак, кој постигнуваше најмалку по еден гол …

Continue Reading

Реал Мадрид три недели без Камавинга

Фудбалерот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга ќе отсуствува три недели поради повреда, пренесуваат шпанските медиуми. Францускиот фудбалер се повреди во четвртокот во Купот на Шпанија против Селта, кој Реал го доби по продолженијата со 5:2. „По извршените тестови од медицинската служба, на Камавинга му беше дијагностицирана повреда на мускулот на левата тетива“, се наведува на клупската веб-страница. Реал не прецизираше …

Continue Reading

Македонски навивач го плукнал селекторот на Холандија

Фото/ index.hr Натпреварот го обележа лошото сидење на Данците хансен и Надсен. Досудија 12 седмерци за „лалињата“, на македонските ракометари им доделија два црвени картони (Павле Атанасијевиќ, Лазаревски), вкупно Македонија 20 минути играше со ракометар помалку. Одлуките на судиите предизвикаа револт кај македонските навивачи на трибините. На крајот од натпреварот фрлаа разни предмети во теренот поради што преплашените Холанѓани избегаа …

Continue Reading