Навивачката група на Валенсија ќе го бојкотира мечот со Реал
Најжестоките навивачи на Валенсија најавија дека нема да го поддржат тимот на натпреварот против Реал Мадрид во петок, во знак на протест против сопственикот на клубот Питер Лим. Навивачите на еден од најголемите шпански клубови долги години се противат на политиката на Лим. Него го обвиниваат што Валенсија од редовен учесник во Лигата на шампионите стана просечен тим кој сезонава …
Continue Reading
Маледон има договор со Реал Мадрид
Еден од најдобрите кошаркари во Евролигата, Тео Маледон, ќе стане нов кошаркар на Реал Мадрид. Францускиот плејмејкер постигнал договор со „кралскиот“ клуб, ексклузивно пренесува „Енцестандо“ и од следната сезона ќе стане играч на Реал. Маледон е најдобриот играч на Асвел со просек од 18,8 поени, 4,2 скока и 4,8 асистенции, со одличен индекс на корисност од 23,5 во Евролигата. Французинот …
Continue Reading
(Видео) Страшна повреда на Ајви, противнички играч плачеше на теренот
Изминатата ноќ во НБА лигата ја одбележа страшна повреда на кошаркарот на Детроит Пистонс, Џејден Ајви. Детроит на домашен терен го совлада Орландо со 105:96, но сите на теренот и на трибините останаа во шок поради повредата на младиот играч на Пистонс, Џејден Ајви. Ајви се повреди во борба за топка со Кол Ентони, потоа играчот на Орландо падна врз …
Continue Reading
Фофана се врати во Франција
Фудбалерот на Ал Наср, Секо Фофана ја напушти Саудиска Арабија и се врати во Франција. Во иднина ќе го носи дреост на Рен. Рен не ја прецизираше вредноста на трансферот, но познатиот инсајдер Фабрицио Романо објави дека се работи за сума од 20 милиони евра. Фофана (29) со францускиот клуб потпиша договор на четири и пол сезона. „Тој е одличен …
Continue Reading
(Видео) Јокиќ со историски трипл-дабл ја уништи Атланта
Никола Јокиќ одигра историски добaр натпревар во победата на Денвер Нагетс над Атланта Хокс од 139:120. Актуелниот МВП в НБА лигата, натпреварот го заврши со 23 поени, 17 скока и 15 асистенции. Јокиќ го запиша 143.трипл-дабл во кариерата. Тој е првиот играч кој стигна до 20/15/15 за неполни 30 минути на теренот. Атланта имаше приклучок во првото полувреме, но во …
Continue Reading
(Видео) Арсенал со пресврт победи кај Брентфорд
Фудбалерите на Арсенал го совладаа Брентфорд со 3:1 на гостински терен во натпревар од 19.коло во Премиер лигата. Арсенал со вој триумф се искачи на второто место на табелата. Брентфорд поведе во 13. минута преку Брајан Ембуеумо, потоа домашните имаа одлична шанса за 2:0, кога голманот на Арсенал, Раја, некако успеа да го одбрани својот гол. Веднаш потоа Габриел Жесус …
Continue Reading
Ибрахимовиќ му се извини на Паоло Фонсека
На претставувањето на Серхио Консеисао како нов тренер на Милан, спортскиот директор на клубот Златан Ибрахимовиќ му се извини на претходниот тренер Пауло Фонсека, за она што клубот му го приреди на заминувањето. Фонсека забележа 12 победи, 6 нерешени и 6 порази во 24 натпревари во сите натпреварувања. И покрај тоа што веднаш по мечот со Рома (1:1) знаеја дека …
Continue Reading
Чофениг победи во Гармиш, Хајбек постави нов рекод на скокалницата
Фантастични две серии понуди втората станица на 73.издание на Новогодишната турнеја. Во Гармиш-Партенкирхен, Мајкл Хајбек го надмина достигнувањето на Давид Кубацки и постави нов рекорд на скокалницата (145 метри), а Даниел Чофениг триумфираше и го презеде првото место во вкупниот пласман од Стефан Крафт, а исто така се искачи и на лидерската позиција во Светскиот куп. Чофенинг победи со скоковите …
Continue Reading
(Видео) Дуото НН го заврши настапот на турнирот во Бризбејн
Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос го завршијасвојот настап во игра на двојки на турнирот во Бризбејн. Во спектакуларен меч дуото НН загуби од Мајкл Венус (Нов Зеланд) и Никола Мектиќ (Хрватска) со 2:6, 6:3, 8:10. Првиот сет го обележа доминантна игра на Хрватот и Новозеланѓанецот, кои ги искористија грешките на ривалите. По изедначениот старт Мектиќ и Венус го брејкнаа сервисот …
Continue Reading