„Дешам ја загуби репрезентацијата, а Мбапе ја подели“

Франција е во тешка позиција да дојде до завршниот турнир во Лигата на нации. Во четвртокот Французите загубија од Хрватска во Сплит со 2:0. Навивачите, новинарите и поранешните играчи го посочуваат мечот со Хрватска како последен доказ дека репрезентацијата која можеби е најсилната во светот по според имињата што ги има во тимот, долго време игра далеку под нивото на …

Continue Reading

Рибери: Непрвада е што не ја добив Златната топка во 2013 година

Франк Рибери, легендарниот играч на Баерн и француската фудбалска репрезентација во интервју за „Лекип“ се осврна на неговата брилијантна сезона 2012/13 година, во која со Баерн ја освои тројната круна – Бундеслигата, Лигата на шампионите и Купот на Германија. Французинот смета дека таа сезона требало да ја освои Златната топка. „Тоа беше совршена година. Не можев подобро. Оваа Златна топка …

Continue Reading

Денвер без Јокиќ немаше шанси против Авдија и Портланд, Дурент го растури Кливленд

Денвер Нагетс уште еднаш покажа дека без Никола Јокиќ е просечен НБА тим. Нагетс загубија од Портланд 109:128. Изминатата ноќ во НБА лигата ја обележа Кевин Дурент кој го растури водечкиот тим во лигата, Кливленд Кавалирс. Никола Јокиќ не игра поради повреда на лактот. Нагетс без него загубија два од последните три натпревари. Изминатата ноќ ги растури Дени Авдија. Синот …

Continue Reading

Почина легендарниот Џорџ Форман

Легендарниот боксер Џорџ Форман почина на 76-годишна возраст. Форман имаше богата боксерска кариера, го освои олимпиското злато во 1968 година, а имаше и две светски титули во тешка категорија. Интересно е што втората титула ја освои на 45 години и со тоа стана најстариот шампион во историјата. Форман ја загуби првата титула од Мухамед Али во легендарната борба „Rumble in …

Continue Reading

Пјастри прв ќе стартува во Кина, Расел пред Норис и Ферстапен

Младиот Австралиец, Оскар Пјастри прв пат во кариерата ќе стартува од пол-позицијата во глана трка во шампионатот на Формула 1. Пјастри беше пред конкурентите во квалификациите за трката на Големата награда на Кина. Од првиот ред, трката ќе ја започне изненадувањето Џорџ Расел од Мерцедес. Пјатри блескаше во третата сесија, на патеката во Шангај. Во двата круга постави најдобро време …

Continue Reading

Ѓоковиќ го победи Хиџиката па испрати емотивна порака

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, по пауза од шест години настапи на Мастерсот во Мајами. Во рамките на второто коло тој го победи Австралиецот, Ринки Хиџиката. Ѓоковиќ за 81 минута победи со резултат 6:0, 7:6. Ова беше втор триумф на Новак во директни дуели со Австралиецот, кого го победи во Бризбејн на почетокот на годината. Негов следен ривал ќе биде Аргентинецот …

Continue Reading

Мексикански клуб исфрлен од Светското клупско првенство, прекршени се правилата за сопственост на повеќе клубови

Клуб Леон од Мексико е исфрлен од Светското клупско првенство кое летово првпат ќе се одржи во нов формат. Комисијата за жалби на ФИФА ја донесе оваа одлука откако ги разгледа дисциплинските постапки против мексиканските тимови Пачука и Клуб Леон. 🚨 ÚLTIMA HORA | El Mundial de Clubes, patas arriba: León, expulsado https://t.co/e46GaBCoTo — MARCA (@marca) March 21, 2025 Утврдено …

Continue Reading

Луаку размислува(л) да ја напушти репрезентацијата

Белгискиот фудбалер Ромелу Лукаку изјави дека размислува да се откаже од националниот тим, делумно поради токсичната атмосфера во тимот за време на Европското првенство во Германија минатото лето. Лукаку е еден од најдобрите белгиски фудбалери на сите времиња и е најдобар стрелец во националниот тим со 86 голови, постигнати на 121 натпревар. Белгија минатото лето беше елиминирана во осминафиналето на …

Continue Reading

Хојлунд: Не го исмевав Роналдо, тој е мојот идол

Данскиот фудбалер Расмус Хојлунд изјави дека не сакал да се потсмева на својот идол Кристијано Роналдо откако го прослави победничкиот гол против Португалија во четвртфиналето на Лигата на нации на ист начин како и славниот Португалец – со скокање и извикување „сиу“. Данска ја совлада Португалија со 1-0 синоќа во Копенхаген, во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на нации, со …

Continue Reading