Синот на Анчелоти станува тренер на актуелниот шампион на Бразил и Јужна Америка
Давиде Анчелоти ја доби својата прва самостојна работа во својата тренерска кариера три недели пред неговиот 36-ти роденден. Тој го презеде Ботафого, актуелниот шампион на Бразил и Јужна Америка. Анчелоти помладиот, познат по тоа што беше асистент на својот познат татко Карло во последните девет години, беше близок до Глазгов Ренџерс, но на крајот го презеде бразилскиот гигант наместо шкотскиот. …
Continue Reading
Најголемата размена во историјата на НБА, седум клуба разменија играчи
Договорена е најголемата размена во историјата на НБА според бројот на вклучени тимови. Седум клубови учествуваа во огромната размена во која Кевин Дурант и Клинт Капела се преселуваат во Хјустон Рокетс. Покрај Рокетс, во размената се вклучени и Феникс Санс, Атланта Хокс, Бруклин Нетс, Голден Стејт Вориорс, Лос Анџелес Лејкерс и Минесота Тимбервулвс. Детален преглед на размената: Хјустон Рокетс: Кевин …
Continue Reading
Падна договор меѓу Арсенал и Ѓекереш
Арсенал е на добар пат да го потпише Виктор Ѓекереш, еден од најбараните напаѓачи во Европа во моментов. Како што објави „Атлетик“, преговорите меѓу „Топџиите“ и играчот на Спортинг напредуваат добро и веќе се зборува за петгодишен договор за 27-годишниот Швеѓанец. Во претходната сезона, со 54 гола на 52 натпревари, Ѓекереш му помогна на Спортинг да стигне до двојната круна. …
Continue Reading
Пјастри: Нема да зборувам многу, би можел да се најдам во неволја
Трката за Големата награда на Велика Британија во Силверстоун донесе ново намалување на разликата меѓу асовите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис. А тоа значи и зголемување на тензиите, а дека се оди во тој правец може да се насети и по изјавата на Австралиецот по завршувањето на трката. Лидерот во генералниот пласман ги имаше сите адути во свои …
Continue Reading
Пјастри му ја подари победата на Норис, Хулкенберг е херојот во Британија
Ландо Норис го искористи подароот од тимскиот колега Оскар Пјастри и победи на трката за Големата награда на Велика Британија. Тркањето на култната патека во Силверстоун ја обележа безбедносното возило, кое шест пати излезе на патеката и брилијантниот Нико Хулкенберг кој го комплетираше подиумот. Трката која се возеше по тешки услови, требаше, но не ја доби Пјастри. Австраиецот направи глупава …
Continue Reading
Осимен реши да остане во Истанбул
Виктор Осимен донесе (не) очекувана одлука каде ќе ја продолжи кариерата. Нигерискиот напаѓач имаше бројни понуди од клубови ширум светот, но сепак, одлучи да остане во Галатасарај. Осимен одби многу попрофитабилни понуди, како оние од Саудиска Арабија. Тој сакаше да остане во Европа и на крајот ќе го стори тоа, но не во најголемите европски лиги. Осимен и Галатасарај постигнаа …
Continue Reading
(Видео) Зубименди во Арсенал
Арсенал во неделата објави дека потпишал договор со шпанскиот фудбалер Мартин Зубименди. Дефанзивниот играч од средниот ред, кој играше 19 пати за шпанската репрезентација, е производ на младинската академија на Реал Сосиедад, а е член на првиот тим на баскискиот тим од 2018 година. За тимот од Аноета одигра 236 натпревари и постигна десет голови. Од неговиот трансфер, Сосиедад ќе …
Continue Reading
Денвер нема намера да се откаже од Валанчунас
Литванскиот центар, засега, останува во Денвер, кој го гледа Јонас Валанчунас како клучна резерва за Никола Јокиќ. Додека во Панатинаикос нетрпеливо чекаат разрешница на ситуацијата околу Валанчунас, од САД доаѓаат вести што нема да им се допаднат. Денвер Нагетс не сакаат да го пуштат. Како што објави секогаш добро информираниот НБА инсајдер Марк Штајн, Валанчунас останува во НБА бидејќи Денвер …
Continue Reading
Хапоел го потврди трансферот на Брајант
Американскиот кошаркар Елајџа Брајант е нова аквизиција на Хапоел Тел Авив, потврди актуелниот шампион на Еврокупот. Хапоел ја информираше јавноста дека, Брајант црвениот дрес ќе го носи во следните три сезони. Кошаркарот од сојузната американска држава Џорџија ги помина претходните четири години во Истанбул, во Анадолу Ефес, а во 2022 година го освои елитното европско натпреварување. Човекот кој има и …
Continue Reading