(Видео) Елмас стрелец за Аталанта, Муслиу победи со Сент Труден

Аталанта на Елиф Елмас и Сент Труден на Висар Муслиу, славеа победи со своите тимови во првото коло од Лигата на конгференции. Аталанта го победи Пафос со 3:1, а победата ја обезбеди по само едно полувреме. Триумфот го најави Елмас со гол по само 45 секунди, по асистенцијата на Џакомо Распадори. За Елмас ова е прв гол во дресот на …

Continue Reading

(Видео) Јувентус по пресврт и со гол во 92-та минута ја победи Селта во Виго

Фудбалерите на Јувентус ја победија Селта со 1:2 (1:0) како гости во второто коло од Лигата на Европа. Натпреварот го одбележа капитенот на Селта, Маркос Алонсо. Неговите две гршки резултираа со два гола на италијанскиот клуб. По израмнетиот почеток, Селта поведе во 18-та минута. Акцијата започна од одбраната на шпанскиот клуб – играчите на Јувентус извршија притисок во желбата да …

Continue Reading

Хаос на „Пољуд“ – Торцида правеше скандали, Хајдук го победи Ајакс

Натпреварот меѓу Хајдук и Ајакс на „Пољуд“ беше прекинат во финишот, откако на една од трибините гореа пиротехнички сретства. На крајот тимот од Сплит успеа да победи со 2:1. Хајдук водеше со 2:1, но во 75-та минута густ чад од северната трибина целосно го покри теренот, поради што судијата Кристијан-Петру Чочирка го прекина натпреварот и ги испрати играчите на двата …

Continue Reading

(Видео) „Покер“ на Милан во Салцбург: Хет-трик на Сисе

Фудбалерите на Милан го победија Ред Бул Салцбург како гости со од 0:4 во второто коло од Лигата на Европа. Играчите на Рубен Аморим го отворија натпреварот подобро, а со текот на времето акциите на италијанскиот клуб стануваа сè поопасни. Милан поведе во 15-та минута, кога центаршутот на Омари Хачинсон, во гол го претвори Алфа Сисе. По примен гол, Салцбург …

Continue Reading

(Видео) Црвена звезда се самоуништи во Лугано

Фудбалерите на Црвена звезда со пораз стартуваше во Конференциската лига. Вечерва во Лугано, домашниот тим го победи српскиот првак со 3:2. Црвена звезда се самоуништи во Лугано, особено во финишот кога на домашниот тим му подари два гола. И првиот гол на Лугано дојде по грешка на одбраната, поточно на Гудељ. За вториот виновник беше македонскиот репрезентативец Гаштаров, а за …

Continue Reading

Скандал во Сплит: Глорификација на Хитлер и антисемитски песни

Фудбалерите на Хајдук, вечерва ќе го пречекаат Ајакс во првото коло од Лига конференцијата, но големиот европски спектакл во Сплит веќе беше засенет од скандалозното однесување на навивачите на домашниот клуб уште пред почетокот на натпреварот. По 16 години, Хајдук се враќа на европската сцена, а во Сплит владее голема еуфорија од утринските часови. Илјадници навивачи се собраа на улиците …

Continue Reading

Тепачка на тренингот на Партизан, Демба Сек отстранет од тимот

Фудбалерот на Партизан, Демба Сек, бил отстранет од тимот, откако предизвикал сериозен инцидент на тренингот на тимот. Според „Моцарт Спорт“, Сенегалецот нападнал соиграч, со што ја нарушил клупската дисциплина, а тренерот Саша Илиќ одлучил да го отстрани од тимот. Поради ова, Сек најверојатно нема да биде во составот за гостувањето кај Железничар во Панчево, во 12-то коло од српската Суперлига. …

Continue Reading

Хари Кејн ќе потпише нов договор со Баерн

Фудбалерот на Баерн, Хари Кејн, се согласил за сите услови на новиот договор со германскиот шампион, на кого му вети верност до летото 2029 година, дознава „Скај Спортс“. Капитенот на англиската репрезентација наводно ќе заработува 25 милиони евра годишно според новиот договор. Кејн постигна неверојатни 154 гола на 156 натпревари откако се пресели од Тотенхем во Баерн Минхен во 2023 …

Continue Reading

Српски тенисер суспендиран на 24 години: Казната е 14 пати поголема од она што го заработил

Српскиот тенисер Стефан Милиќевиќ e суспендиран на 24 години откако Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ITIA) утврди дека учествувал во местење натпревари и се обидел да вклучи и други играчи во корумпираната мрежа. Милиќевиќ, кој некогаш беше 1.338. тенисер на светот, нема да има право да се натпреварува до 2050 година. Според соопштението на ITIA, откриено е дека тој …

Continue Reading