Поранешниот спортски директор на Барселона ќе ја крои трансфер политиката на Атлетико

Еден од најважните луѓе во поновата историја на Барселона, Матео Алемани, од денес е новиот спортски директор на Атлетико Мадрид. Многумина не знаат и не се свесни што направил Алемани, но тој беше ставен на чело на операцијата во револуцијата што ја спроведе Џоан Лапорта по неговото враќање во клубот во 2021 година. Алемани доби празна каса, стотици милиони долгови, …

Continue Reading

Младата селекција ги започна подготвките за Емрменија и Црна Гора

Репрезентацијата на Македонија до 21 година ги започна подготовките за претстојните натпревари од октомврискиот циклус на квалификациите за пласман на Европското првенство 2027 година. На 10. октомври, во рамки на 3. коло, нашата селекција во Битола на стадионот „Петар Милошевски“ ќе ја пречека репрезентацијата на Ерменија, додека на 14. октомври во Тузи ќе гостува кај Црна Гора. Селекторот на нашата …

Continue Reading

Кејн нема намера да се враќа во Англија, сака да остане во Баерн

Капитенот на Англија и напаѓач на Баерн Минхен, Хари Кејн, изјави дека е отворен за продолжување на договорот со германскиот шампион и дека враќањето во Премиер лигата повеќе не е приоритет. Кејн, кој ја освои Бундеслигата минатата сезона и со тоа конечно стигна до првиот трофеј во својата кариера, има договор со Баерн до 2027 година. Иако имаше шпекулации за …

Continue Reading

Матиќ: Велат дека Влаховиќ е најдобар српски играч – фудбалот во Србија беше на повисоко ниво

Српскиот фудбалер Немања Матиќ зборуваше за италијанските медиуми за сонародникот, напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ. Искусниот играч од средниот ред се врати во Италија ова лето и го засили тимот на Сасуоло. Претходно во Серија А го носеше дресот на Рома. Бидејќи напаѓачот на Јувентус е една од главните теми на тамошните новинари, прашањето за Влаховиќ беше логично. Во изјава …

Continue Reading

Баерн го контактирал менаџерот на Гуехи

Марк Гуехи ги договори сите услови со Ливерпул, но Кристал Палас го запре неговиот трансфер, на истекот на летниот преоден рок. Палас реши да го стопира трансферот на капитенот, бидејќи не успеа да најде соодветна замена. Марк Гуехи влезе во последната година од договорот со Кристал Палас. Јасно е дека откако му пропадна трансферот во Ливерпул, дека тој наредното лето …

Continue Reading

Канаваро нов селектор на Узбекистан

Фабио Канаваро е назначен за нов селектор на репрезентацијата на Узбекистан, објави Фудбалската федерација на Узбекистан. Канаваро потпиша договор со ФС Узбекистан во Ташкент, но деталите не беа откриени. Во соопштението се наведува дека Канаваро ќе ја предводи репрезентацијата на оваа земја на претстојното Светско првенство, кое ќе се одржи во 2026 година во САД, Канада и Мексико. Италијанскиот стручњак …

Continue Reading

Познато е колку долго ќе отсуствува Маркез

Деветкратниот светски шампион Марк Маркез ќе ги пропушти претстојните трки во Австралија и Малезија поради фрактура на клучна коска. Постариот од браќата Маркез се повреди на трката за Големата награда на Индонезија, кога во првиот круг од патеката го исфрли возачот на Априлија, Марко Бецеки. На Шпанецот веднаш му беше дијагностицирана фрактура, но во таа прилика беше нагласено дека повеќе …

Continue Reading

„Секој може да ја победи Барселона, нема да ја освојат Лигата на шампионите“

Тони Крос, легендарниот германски играч од средниот ред и поранешен играч на Реал Мадрид, во својот подкаст „Einfach mal Luppen“ детално ја анализираше играта на Барселона под водство на тренерот Ханси Флик. Крос ја пофали актрактивноста и ги истакна клучните слабости за кои верува дека ќе ги чинат успех во Лигата на шампионите. Кроос верува дека играта на Барселона е …

Continue Reading

Депај не може да игра за Холандија, му го украле пасошот

Најдобриот стрелец на сите времиња во Холандија, Мемфис Депај, го пропушти почетокот на собирот на националниот тим откако пријави дека му е украден пасошот во Бразил, каде што игра за Коринтијанс. Депај требаше да пристигне во Холандија во недела навечер, но не можеше да го напушти Бразил без патна исправа. Холандската репрезентација, предводена од Роналд Куман, ќе игра квалификациски натпревари …

Continue Reading