Интер комплетира три големи засилувања и сите ќе бидат на подготвките

На 16 јули, играчите на Интер ќе патуваат во Германија за подготвителниот период пред новата сезона, а желбата на Кристијан Киву е дотогаш да обезбеди три засилувања. Првото е завршено, тоа е Иван Проведел, голманот кој играше во Лацио во претходната сезона и кој ќе биде платен 3.000.000 евра. Умар Соле е фудбалер кој е голема желба на тренерскиот штаб …

Continue Reading

Арсенал одбраната на титулата ќе ја започне против Ковентри

Објавен е распоредот на Премиер лигата за сезоната 2026/27. Актуелниот шампион Арсенал ја започнува одбраната на титулата дома против најдобриот тим во Чемпионшип, новиот член на Премиер лигата, Ковентри. Арсенал ќе го пречека тимот кој се враќа во Премиер лигата по 26 години. Тој натпревар е воедно и премиерата за новата сезона, закажана за петок, 21 август во 21 часот. …

Continue Reading

Почина легендарниот Игор Проти

Поранешниот италијански напаѓач Игор Проти почина на 59-годишна возраст. Почина од рак кој се проширил на ‘рбетот. Неговото семејство, во согласност со неговата желба, објави емотивна проштална порака. Веста за смртта на поранешниот фудбалер на Ливорно, Месина, Бари, Наполи и Лацио беше потврдена на неговиот официјален профил на Инстаграм. „Со огромна тага, семејството објавува дека Игор почина во текот на …

Continue Reading

Свештеник жестоко му одговори на Далиќ: Бог не навива за Хрватска

Католичкиот свештеник од Сплит, Анте Ждериќ, ја коментираше изјавата на селекторт на хрватската фудбалска репрезентација, Златко Далиќ, кој рече дека Бог ги сака Хрватите, пренесува хрватскиот „Т-портал“. Далиќ сака да се претставува како голем верник, па затоа постојано изјавува дека „Бог е со нив“, а за време на посетата на папата Франциск во Ватикан во 2024 година, му подари дрес …

Continue Reading

Ван Хеке од Брајтон се пресели во Тотенхем

Тотенхем продолжува да го засилува тимот за следната сезона, во северен Лондон пристигна уште еден дефанзивец. Откако, бесплатно од Борнмут, во Тотенхем простигна Аргентинецот, Маркос Сенеси, договорот со клубот потпиша и Јан Пол Ван Хеке. Холанѓанецот има 26 години и доаѓа од Брајтон, каде што играше редовно во последните три сезони. Како и Сенеси, и тој е централен дефанзивец. Играше …

Continue Reading

Лајпциг одбил 100 милиони евра за Диоманде

Младиот играч на Лајпциг, Јан Диоманде, Ливерпул го гледа како идеална замена за Мохамед Салах. Од „Енфилд“ во Лајпциг испратиле понуда тешка 100 милиони евра (90 милиони плус 10 милиони бонуси), која била експресно одбиена. Одбивањето, според германските медиуми, не е знак дека во Лајпциг мислат дека Диоманде не е на продажба, туку дека за репрезентативецот на Брегот на Слоновата …

Continue Reading

Ужасна повреда на Коне ја засени канадската рапсодија

Канадскиот репрезентативец Исмаел Коне доживеа ужасна повреда, во натпреварот Канада-Катар (6:0). Тој ја скрши тибијата по стартот на играчот на Катар во 52-та минута од натпреварот во Ванкувер. Натпреварот беше веднаш прекинат, играчите се држеа за главите, а навивачите беа исплашени. Додека му помагаа, судијата Кристијан Гарај од Чиле се консултираше со ВАР собата и му покажа директен црвен картон …

Continue Reading

(Видео) Мексико прв до нокаут фазата, блиску е и Канада

Ко-домаќинот на СП во фудбал, репрезентацијата на Мексико, прва избори пласман во нокаут фазата. Мексико, во второто коло, во А групата, ја победи Јужна Кореја со 1:0. Мексиканците имаат шест бода, три повеќе од Кореја, додека Чешка и Јужна Африка досега освоија по еден бод. Во исто време, Канада се доближи до нокаут фазата, откако го декласира Катар со 6:0. …

Continue Reading

(Видео) Тежок пораз на БиХ од Швајцарија

Фудбалерите на Швајцарија ја победија Босна и Херцеговина со 4:1 (0:0) во 2. коло од Групата Б на Светското првенство. Натпреварот на преполниот стадион „СоФи“ во Лос Анџелес го реши 20-годишниот Јохан Манзамби со голови од клупата, но сè имаше своја прелудиум во претходните неколку дена. Токму младиот фудбалер на Фрајбург беше нападнат од Гранит Џака по првиот натпревар со …

Continue Reading