ФИФА богато го наградува финалето: еве колку ќе заработи судијата Винчиќ
Словенечкиот судија Славко Винчиќ е назначен за главен судија на финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина. Веста лично му ја соопштил претседателот на Судискиот комитет на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, а 46-годишниот Винчиќ не можел да ги сокрие емоциите кога дознал дека ќе го суди најважниот натпревар на турнирот. Финалето ќе се игра на стадионот „МетЛајф“ во Њујорк, а …
Continue Reading
Шпанскиот крал и премиерот ќе бидат на финалето, лидерот на Аргентина нема да отпатува поради суеверие
Шпанскиот крал Фелипе Шести, премиерот Педро Санчез и членовите на кралското семејство ќе присуствуваат на финалето на Светското првенство во фудбал меѓу Шпанија и Аргентина, додека аргентинскиот претседател Хавиер Милеи нема да отпатува во САД, бидејќи верува дека неговиот ритуал ѝ носи среќа на репрезентацијата. Финалето ќе се одигра в недела во Ист Радерфорд, во американската сојузна држава Њу Џерси, …
Continue Reading
Што ќе се случува со Меси по СП?
Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, изјави дека не знае дали актуелниот Мундијал ќе биде последниот во кариерата на Лионел Меси. „Не знам дали ова е неговото последно Светско првенство. Тоа треба да го прашате него. Никогаш не престанува да нè изненадува“, изјави Скалони. Пред финалето против Шпанија, селекторот со многу емоции зборуваше за својот капитен и за генерацијата која во …
Continue Reading
Кукуреља најави повлекување ако Шпанија стане светски шампион
Шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља изјави дека ќе се повлече од националниот тим доколку Шпанија ја победи Аргентина во финалето на Светското првенство и ја освои титулата. „Ако го освоиме Светското првенство, следниот ден ќе му се јавам на Луис де ла Фуенте и ќе му кажам повеќе да не смета на мене. По европската и светската титула, не може подобро …
Continue Reading
Славата не ме промени многу, сакам да играм фудбал и во следните години, вели Возиња кој е во потрага по нов клуб по успехот на СП
Голманот на Зеленортските Острови, Возиња, на Светското првенство пристигна како речиси непознат фудбалер, а турнирот го напушта како светска ѕвезда. За само неколку недели од анонимец стана играч кого навивачите го запираат за фотографирање, дава интервјуа за светски медиуми и има милиони следбеници на социјалните мрежи. „Славата не ме промени многу. Морам да останам тоа што сум“, изјави Возиња за …
Continue Reading
Трамп го критикуваше Тухел, селекторот возврати: Го користите како релевантен сведок?
Светското првенство доби и политичка димензија откако американскиот претседател Доналд Трамп јавно го критикуваше селекторот на Англија, Томас Тухел, по полуфиналниот пораз од Аргентина (2:1). Трамп оцени дека Тухел направил голема тактичка грешка со тоа што во завршницата од натпреварот го повлекол капитенот и најдобар стрелец Хари Кејн во одбраната. „Хари е фантастичен. Мислам дека направија катастрофална грешка што го …
Continue Reading
Родри пред дуелот со Аргентина: Посебно внимание мора да му посветиме на Меси
Капитенот на Шпанија, Родри, изјави дека финалето на Светското првенство против Аргентина е „натпреварот на нивните животи“ и порача дека неговата репрезентација мора да влезе на терен со храброст и победнички менталитет. „Им реков на момците дека мора повеќе да сакаме да победиме отколку што се плашиме од пораз. Со таков дух мора да излеземе на терен“, рече Родри за …
Continue Reading
Ако барате виновник, тоа сум јас, но не се каам за своите одлуки, рече селекторот на Англија по критиките поради поразот
Селекторот на Англија, Томас Тухел, застана во одбрана на своите тактички одлуки по болниот полуфинален пораз од Аргентина (2:1) и порача дека ја презема целосната одговорност за елиминацијата, но дека не жали за ниту еден потег. На прес-конференцијата пред натпреварот за третото место против Франција, германскиот стратег одговори на критиките што ги доби поради тоа што неговата репрезентација, по водството …
Continue Reading
Меси за фотографијата со бебето Јамал: Лудост е што сега ќе играме еден против друг во финале на СП
Лионел Меси за првпат јавно ја коментираше легендарната фотографија на која го држи Ламин Јамал како бебе, оценувајќи дека е „лудост“ што речиси две децении подоцна двајцата ќе бидат ривали во финалето на Светското првенство. Фотографијата му ја покажа легендарниот играч на американски фудбал Том Брејди за време на настанот „Fanatics Fest“ во Њујорк, каде ФИФА организираше претставување на финалето. …
Continue Reading