Златниот медал ѝ го даде на мајка си: Јадев го.на, одев по го.на, а сега ги допрев ѕвездите
Нико Вилијамс (24) пред две години беше незаменлив во шпанскиот поход кон европската титула. Левото крило на Атлетик Билбао, со Ламин Јамал, ги тероризираше противниците. Тој го круниса одличното Европско првенство со гол во победата над Англија во финалето. На Мундијалот, Нико ниту еднаш не беше стартер. Остана на клупата на два натпревари, а влезе од клупата во преостанатите шест. …
Continue Reading
Аргентинците го бојкотираа доделувањето на трофејот на Шпанците
Аргентина не покажа ништо и затоа и ја предаде светската круна на Шпанија. Без удар кон голот на Унаи Симон беа 117 минути. Ќе остане забележано дека два пати се обидоа до крајот на мечот, но обидот на Меси беше изблокиран, а ударот на Симеоне заврши над голот. Срамната партија ја зачинија со низа инциденти по завршувањето на големото финале. …
Continue Reading
Телеграф: Фудбал – Криминалци 1:0
Шпанија стана светски шампион по втор пат откако ја победи Аргентина со 1:0, по продолженија во финалето на Светското првенство. Натпреварот беше обележан со грубата игра на аргентинската репрезентација, а беше решен со голот на Феран Торес, кој со тоа му се придружи на Андрес Иниеста како единствен Шпанец кој постигнал гол во финален натпревар на Светско првенство. Медиумите од …
Continue Reading
Луис де ла Фуенте творецот на златната шпанска генерација
Луис де ла Фуенте ја предводеше Шпанија до титулата светски шампион две години откако стана европски шампион со националниот тим. Шпанија, под негово водство нема пораз на 38 последователни официјални натпревари, а 65-годишниот тренер ги смири сите критичари кои се соменваа во него кога во 2022 година беше именуван за селектор. Де ла Фуенте ја изгради Шпанија како тим кој …
Continue Reading
Алекс Баена во две години ги освои триста најзначајни титули во репрезентативниот фудбал
Шпанската фудбалска репрезентација доминантно го освои Светското првенство, триумфот на „црвената фурија“ донесе и индивидуален подвиг што ќе се памети со генерации. Алекс Баена влезе во историјата како првиот фудбалер што ги освои трите најголеми репрезентативни натпреварувања, Европското првенство, Олимписките игри и сега Светското првенство. Фудбалерот од средниот ред на Атлетико Мадрид комплетираше неверојатна колекција трофеи за само две години, …
Continue Reading
Шпанците го освоија Мундијалот, сега треба да си ги исполнат ветувањата
Шпанија ја освои титулата светски првак, втор пат во својата историја. Шпанците, во Њу Џерси, во финалето на 23-то Светско првенство, ја победија Аргентина, по продолженијата со 1:0. Голот вреден светска титула го постигна Феран Торес во 106-та минута. Откако го освои Светското првенство со Шпанија, селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, се пошегува на прес-конференција, го потсети Марк …
Continue Reading
(Видео) Трамп не се симна од сцената: Родри и Инфантино се обидоа да го отстранат, тој остана за време на подигнувањето на трофејот
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го привлече вниманието кон себе на прославата на титулата светски шампион. Откако на шпанскиот претставник Родриго (Родриго Ернандез Касканте) му беше врачен трофејот, се очекуваше Трамп, заедно со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, да се повлече од сцената и да им го препушти подиумот на новите светски шампиони. Иако и Родри и Инфантино се …
Continue Reading
Шпанците заработија милиони
Шпанија е новиот светски шампион во фудбал. Во напнатото финале на Светското првенство, Шпанците ја победија Аргентина со 1:0 по продолжение. Решавачкиот момент се случи во 106-та минута, кога Феран Торес го постигна победничкиот гол. Аргентина на тој начин не успеа да ја одбрани титулата освоена во 2022 година во Катар, додека Шпанија го повтори успехот од 2010 година. По …
Continue Reading
(Видео) Отаменди ги нападна поранешните соиграчи: Цела недела кукавте, двајцата…
Поразот на Аргентина во финалето на Светското првенство тешко го погоди Николас Отаменди, кој веднаш по завршувањето на натпреварот влезе во вербален конфликт со капитенот на Шпанија Родри, незадоволен од изјавите дадени од Ајмерик Лапорт пред финалето. Кога Родри се приближи да ги поздрави противниците по последниот свиреж на судијата, искусниот аргентински стопер имаше што да му каже. „Треба помалку …
Continue Reading