Левандовски во трка со времето
Најдобриот стрелец на фудбалската репрезентација на Полска, Роберт Левандовски (35),поради повреда ќе го пропушти првиот натпревар на Европското првенство. Полска, во недела ќе игра против Холандија. Полскиот селектор Михал Пробијеж е убден дека неговиот најдобар фудбалер ќе биде во тимот за вториот меч. Левандовски , пред три дена го повреди бутниот мускул во текот на пријателскиот натпревар со Турција. „Изненаден …
Continue Reading
Бетис купи играч на Барселона и веднаш го продаде за пет пати поголема сума
Фудбалскиот клуб Бетис, го откупи договорот на Чади Ријад е реши да го продаде во Премиер лигата. Чади Ријад е 20-годишен Мароканец со шпански пасош. На почетокот на минатата сезона Барселона го испрати на позајмица во Бетис. Клубот од Севилја во договорот стави клаузула дека може да го откупи за три милиони евра. Правото да го откупи договорот на фубалерот …
Continue Reading
Мајк Џејмс го продолжи договорот со Монако
Најдобриот стрелец во историјата на Евролигата потпиша нов, тригодишен договор со Монако. Финансиските услови не се соопштени, се шпекулира дека годишно ќе заработува три милиони евра. Мајк Џејмс можеше да бира каде ќе ја продолжи кариерата откако му истече договорот со Монако. Медиумите го поврзуваа со Фенербахче и Олимпијакос, се шепкулираше дека заинтересиран е и Партизан, на крајот Монако експресно …
Continue Reading
Шпанскиот селектор: Пет репрезентации се фаворити на ЕП
Луис де ла Фуенте, селектор на Шпанија, зборуваше за програмата на Радио Марка, ден пред утрешниот натпревар против Хрватска кој од 18 часот се игра во Берлин. „Тимот е многу фокусиран и добро подготвен. Тие едвај чекаат да истрчаат утре на теренот и нивното однесување ме прави горд. Тие се пример за доблес, тимска работа и соживот. Што се однесува …
Continue Reading
Фоден пред ЕП бил кај гатачка
Фил Фоден најдобриот играч во Премиер лигата е најголемиот адут на Англија на Европското првенство кое вечерва ќе започне во Германија. Фоден, во пресрет на континенталниот шампионат, бил кај гатачка. Според таблоидот „Сан“, Фоден и неговата бремена девојка Ребека Кук биле кај гатачката Клои Смит која им гледала во тарот карти. „Уживав во гледањето на тарот картите за Фил и …
Continue Reading
Синдикатот на фудбалерите поднесе тужба против ФИФА
Меѓународниот фудбалски синдикат ФИФПРО поднесе тужба против Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) во судот во Брисел поради проширување на Светското клупско првенство. Светско клупско првенство, во новиот формат, со 32 екипи, ќе се одржи во јуни и јули 2025 година во САД. ФИФПРО веднаш излегоа со став дека се загрижени за физичките и металните барања што им се поставуваат на играчите …
Continue Reading
„Дедовците“ Пепе и Роналдо се најстарите фудбалери на ЕУРО 2024
Двајцата највозрасни играчи на овогодинешното Европско првенство во Германија доаѓаат од Португалија. За шампионите од 2016 година игра Пепе, кој на 26 февруари наполни 41 година. Дефанзивецот на Порто повторно го најде своето место во националниот тим. Второто место на листата на најстари му припаѓа уште еден Португалец, Кристијано Роналдо, кој на 2 мај го прослави својот 39-ти роденден. За …
Continue Reading
По Терзиќ и Хумелс ја напушти Борусија
Матс Хумелс (35) како слободен играч ќе го напушти Дортмунд. Ветеранот нема да го продолжи договорот со клубот. Борусија за нешто повеќе од 24 часа остана без тренер и без најважниот играч во одбраната. Да потсетиме, Един Терзиќ вчера поднесе оставка, а денеска Хумелс реши да си замине. Изминатите недели тренерот и дефанзивецот имале жестоки расправии и несогласувања. Дури Хумелс …
Continue Reading
Проблеми во францускиот тим, многу играчи се болни
Франција ќе го отвори Европското првенство во Германија со натпреварот против Австрија во понеделник. По средбата во Дизелдорф, Французите ќе играат против Холандија во Лајпциг и Полска во Дортмунд. На само неколку дена пред првиот натпревар Французите се соочуваат со големи проблеми. Голем број на репрезентативци на Франција се болни, објавија француските медиуми. Селекторот Дидие Дешамп е меѓу болните, а …
Continue Reading