(Видео) Историски успех на Викинг, Слован ја доби драмата во Целје, Фенер по 18, а АЕК по осум години се вратија во ЛШ
Норвешка живее фудбалска револуција, откако репрезентацијата дојде до четвртфиналето на СП, сега оваа земја ќе има два тима во главната фаза во Лигата на шампионите. По Боде/Глимт, место во главната фаза избори и Викинг. За екипата од Ставангер ова е најголемиот упспех во клупската историја. Покрај Викинг, пласман во ЛШ, вечерва изборија Фенербахче и АЕК од Атина. Викинг во плејофот …
Continue Reading
(Видео) Реал лесно се справи со Сосиедад, хет-трик на Емпабе
Реал Мадрид убедливо го го победија Реал Сосиедад со 4:1 во третото коло од Ла Лига. Херој на Реал Мадрид беше трикратниот стрелец Килијан Мбапе. Ова беше најдобрата можна премиера пред домашните навивачи во новата сезона, по тесната победа над Еспањол во последното коло. Реал Мадрид не блескаше во првото полувреме, по кое резултатот беше 1:1, но во продолжението го …
Continue Reading
Атлетико и Арсенал се договориле, се чека Алварез
Атлетикоo Мадрид конечно се согласи да го продаде Хулијан Алварез и постигна договор, но не со Барселона, туку – Арсенал. По денешните информации и соопштение на Атлетико Мадрид и конечното „Не“ до Барселона, од Мадрид испратиле потврден одговор во Лондон. На „Метрополитано“ се свесни дека е најдобро Алварез да си замине, бидејќи ќе заработи огромни пари, се шпекулира дека Арсенал …
Continue Reading
Оли Воткинс се сели во Ал Хилал
Англискиот репрезентативец, Оли Воткинс кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, во Ал Хилал. Астон Вила ја прифати понудата на Ал Хилал од 58.000.000 евра со 2.000.000 бонуси. Оли Воткинс даде зелено светло за овој трансфер минатата недела, бидејќи доби астрономска плата, поради што го пропушти првото коло од Премиер лигата против Брајтон. Ал Хилал со тоа заврши уште еден …
Continue Reading
Дибу Мартинез е понуден на Челзи
Во финишот на преодниот рок, се очекуваат неколку супер интересни трансфери во Премиер лигата. Еден таков најави, новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орнштајн. Орнштајн, наведува дека менаџерите на Емилијано Мартинез (34), легенда на Аргентина и Астон Вила, го понудиле популарниот Дибу на Челзи. Тие се одлучиле за таков потег откако Мартинез бил информиран дека Зајон Сузуки, десет години помлад од него, …
Continue Reading
Атлетико жестоко и одговори на Барселона: Не станува збор за пари, туку за достоинство
Барселона не се откажува од Хулијан Алварез, но Атлетико Мадрид нема намера да се откаже. Сагата околу аргентинскиот напаѓач доби нова димензија по јавниот настап на Џоан Лапорта, на што пристигна жесток одговор од Мадрид. Претседателот на Барселона во средата, потврди дека каталонскиот клуб е сè уште многу заинтересиран за Алварез и дека понуда од 100 милиони евра останува на …
Continue Reading
Брајтон го одби Ливерпул за Минте – „Црвените“ сега ќе се насочат кон Баркола
Ливерпул најверојатно ќе се откаже од Јакуба Минте од Брајтон, откако „галебите“ ја одбија втората понуда од „Енфилд“ од 70.000.000 евра, тврдат медиумите на островот. Гигантот од „Енфилд“ мора да се засили на позицијата крилен напаѓач, па ќе ги фрли сите карти на крајот од преодниот рок за да ги доведе Бредли Баркола и Ибрахима Ембаје од Пари Сен Жермен. …
Continue Reading
Буади во Сити до 2031 година
Манчестер Сити официјално го потврди трансферот на мароканскиот вундеркинд Ајуб Буади. Лил доби 95.000.000 евра за фиксниот дел од компензацијата, а може да добие уште 5.000.000 преку бонуси. Мароканецот пристигнува за да пополни една од дупките создадени со заминувањата на Родри, Рејндерс и Гонзалез. Мароканецот има само 18 години и потпиша договор до 2031 година. Тој е второто големо засилување …
Continue Reading
„Шумарите“ за клупски рекорд го реализира трансфеорт на Делап
Нотингем Форест го сруши клупскиот рекорд за трансферот на Лиам Делап. Напаѓачот дојде од Челзи за околу 50 милиони фунти. Според англиските медиуми, сè е договорено, останува Лиам Делап да ги помине лекарските прегледи во наредните денови и да потпише договор со Нотингем. Делап пристигна во Челзи пред една година од Ипсвич за 30 милиони фунти, но Челзи одлучи да …
Continue Reading