Сити го официјализира трансферот на Марк Геи

Марк Геи официјално стана играч на Манчестер Сити. Само неколку минути го делеа англискиот репрезентативец од потпис за Ливерпул во август. Тогаш трансферот му пропадна, се очекуваше дека по завршувањето на сезоната, како слободен играч да се пресели на „„Енфилд“, но Сити реши да се вмеша во трката и му ја расипа зделката на Ливерпул. Геи потпиша договор со Манчестер …

Continue Reading

Клоп негира дека е кандидат за тренер на Реал

Легендарниот германски стручњак Јирген Клоп повторно мораше да одговори на гласините за неговото преземање на Реал Мадрид. Откако Чаби Алонсо беше отпуштен, германските медиуми во неколку наврати истакнуваа дека Клоп е фасциниран од големината на Реал Мадрид и дека тоа е единствениот клуб по Ливерпул што не може да одбие. Сепак, Клоп ги негира овие наводи, иако не може да …

Continue Reading

(Видео) Менди: Навистина мислите дека Дијаз намерно го промаши пеналот? Бидете сериозени

Брахим Дијаз, играч на Реал Мадрид и репрезентацијата на Мароко е трагичар на годината. Промаши пенал, во 90+23.минута, во финалето на Африканскиот куп, а Мароко остана без титулата, на која чекаше 50 години. Бурно беше финалето на Африканскиот куп. Поништен гол, неоправдано, на Сенегал во 93-та минута, а потоа ВАР пенал, многу сомнителен, во 99-та минута за Мароко. Сенегалците, на …

Continue Reading

(Видео) Финалето на Африканскиот куп имаше и трето полувреме

Сенегал го освои Африканскиот куп на нации. Во финалето, го победија домаќинот на натпреварувањето, Мароко, со 1:0 по неверојатна драма обележана со контроверзни судиски одлуки, а голот за освојување на африканската титула го постигна Папе Геје во 94-та минута. Кон крајот на регуларното време, натпреварот беше прекинат во целосен хаос откако селекторот на Сенегал, Папе Тиау, ги повлече своите играчи …

Continue Reading

Флик: Најнесреќниот натпревар во мојата кариера

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, беше разочаран по поразот во неделата од Реал Сосиедад (2:1) на „Реале арена“, истакнувајќи дека резултатот не ја одразува играта на неговиот тим, кој создаде многу шанси. Тој, исто така, се согласи со изјавите на капитенот Френки де Јонг за судијата Хесус Хил Манзано, наведувајќи дека комуникацијата со него била невозможна. Тимот од Сан Себастијан …

Continue Reading

(Видео) Барселона падна во Сан Себастијан

Лидерот во шпанската Примера, Барселона, го забележа третиот пораз во првенството. Во Сан Себастијан, во рамките на 20-то коло, Реал Сосиедад ја победи Барселона со 2:1. Барселона на „Реале арена“, налета на мотивиран противник, чии гол го бранеше одличниот Алекс Ремиро и „против себе“ го имаше ВАР. Два гола и беа поништени на Барселона поради офсајд во првиот дел. Сосиедад …

Continue Reading

(Видео) Сенегал е шампион на Африка – Брахим Дијаз трагичар, Папе Геј херој

Сенегал ја освои титулата на Африканскиот куп на нации. Во финалето, кое долго ќе се прераскажува, Сенегал го победи домаќинот Мароко со 1:0, со голот на Папе Геј во 94.минута. Натпреварот во регуларниот дел заврши без голови, а го обележа пеналот што го промаши Брахим Дијаз во 90+23 минута од судиското надополнување. Сенегал, по 2021 година повторно е шампион на …

Continue Reading

(Видео) Виола излезе од кризата – Фиорентина победи во Болоња

Фудбалерите на Фиорентина победија во Болоња со 2:1 како гости во 21-то коло од Серија А. Ова играчите му ја посветија на Роко Комисо. Претседателот на Фиорентина почина вчера на 76-годишна возраст. За потсетување, тимот од Тоскана не победи во ниту еден натпревар во првенството до 21 декември, беше закован за дното, но оттогаш е во голем налет. Триумфот на …

Continue Reading

Франк ги брои последните денови на клупата на Тотенхем

Челниците на Тотенхем сериозно размислуваат да му врачат отказ на тренерот Томас Франк. Тотенхем, вчера, доживеа пораз на домашен терен од Вест Хем (1:2). Иднината на Франк. како што пишува „Тајмс“ е доведена во прашање по неговиот осми пораз во 14 натпревари. Данецот беше исвиркан додека навивачите на Спарс скандираа „Утре сабајле ќе добиеш отказ“ по поразот од нивните лондонски …

Continue Reading