(Видео) Хеви-метал легендите го претставија новиот дрес на Астон Вила
Астон Вила го претстави домашниот дрес за новата сезона со помош на иконите на жестокиот звук Ози Озборн и Гизер Батлер, членови на легендарните пионери на хеви метал бендот „Блек Сабат“. Новиот дрес на клубот, кој годинава слави 150 години, го означува и почетокот на соработката со новиот спонзор. Новиот дрес на тимот предводен од Унаи Емери ги задржа традиционалните …
Continue Reading
Најголемиот пораз на Партизан во последните 40 години – Динамо Киев ги понижи црно-белите
Фудбалерите на Партизан претрпеа вистински дебакл, во првиот натпревар во второто квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите. Во Лублин, Полска, Партизан загуби од Динамо Киев со 6:2. Поразот во Лублин е еден од најубедливите порази на Партизан во клупската историја. Последен пат црно-белите, во европските купови, примиле шест гола пред точно 40 години, кога загубија од Квинс Парк …
Continue Reading
Синдикатот на фудбалери поднесе тужба против ФИФА
Европските лиги и Меѓународната организација на професионални фудбалери (ФИФПро) најавија жалба до антимонополските регулатори на ЕУ против меѓународниот календар на ФИФА. Овој потег на двете тела следи по правната постапка што ја покренаа синдикатите на англиските, француските и италијанските играчи против ФИФА за истото прашање во Стопанскиот суд во Брисел минатиот месец. Во наредните недели ќе биде поднесена жалба до …
Continue Reading
Бордо исфрлен во третата лига
Фудбалскиот клуб Бордо соопшти дека нема да ја обжали одлуката на Фудбалската федерација на Франција (ФФФ), и дека наредната сезона ќе се натпреварува во третата лига. Челниците на ФФФ го казнија Бордо со преселба од втората во третата лига поради наталожени финансиски проблеми. Бордо е шесткратен шампион на Франција, а последен пат беше најдобар во сезоната 2008/09. Клубот испадна од …
Continue Reading
Хавиер Агире ќе подготвува Рафа Маркез за негов наследник
Хавиер Агире трет пат е назначен за селектор на фудбалската репрезентација на Мексико. Прв помошник ќе му биде биде Рафаел Маркез, соопштија од Мексиканската фудбалска федерација. „Агире е без сомнение мексикански тренер со најдолга и најпозната кариера во странство, а исто така има широко познавање за тоа како функционираат националните тимови“, изјави денеска директорот на репрезентацијата на Мексико, Дуилио Давино. …
Continue Reading
Баерн ја одби понудата на Јунајтед
Манчестер јунајтед до крајот на преодниот рок ќе се обиде да ангажира уште еден дефанзивец. Минатата недела на „Олд Трафорд“ за 62 милиони евра од Лил пристигна 19-годишнот Лени Јоро. Челниците на клубот не кријат дека нивна желба е Матијас Де Лихт. Холанѓанецот ги заврши преговорите, ја договори платата и време траењето на договорот, но Баерн досега ги одби сите …
Continue Reading
Ако Мамардашвили остане Димитриевски би можел да ја напушти Валенсија
Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски (30) на 12 јуни како слободен играч, по пет сезони го напушти Рајо Ваљекано и се пресели во Валенсија. Димитриевски од „Ваљехас“ замина како голман со најмногу настапи за овој клуб. „Среќен сум што ќе го носам дресот на овој голем клуб. Импресиониран сум од стадионот и навивачите“, изјави Димитриевски по пристигнувањето во Валенсија. Иако летово …
Continue Reading
Фудбалерите на Динамо Киев нема да се ракуваат со играчите на Партизан
Фудбалерите на Динамо Киев вечерва ќе го пречекаат белградски Партизан во 2. прелиминарно коло од Лигата на шампионите. Украинскиот тим поради војната домашните натпревари ги игра во странство, Партизан ќе го пречека во Лублин, Полска. Иако фокусот на играчите е на натпреварот, политиката се вмеша во овој меч. Тренерот на Динамо, Олександар Шовковски го критикуваше Партизан за дел од подготовките …
Continue Reading
Днипро-1 ги предаде европските натпревари и се повлече од националниот шампионат
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) соопшти дека украинскиот тим Днипро-1 е исфрлен од квалификациите за Конференциската лига. Днипро-1 се соочува со банкрот и како што стојат работите клубот ќе престане да постои. Украинците во квалификациите за Конференциската лига требаа да се сретнат со Пушкаш Академија (Унгарија), но вчера ја известиле УЕФА дека не се во состојба да ги одиграат натпреварите од …
Continue Reading