(Видео) Кукуреља го исполни ветувањето, го истетовира ликот на селекторот

Ликот на селекторот на Шпанија од денес ја краси надлактицата на Марк Кукуреља. Шпанскиот лев бек го исполни ветувањето дадено во текот на Светското првенство, ако „фуријата“ ја освои титулата, ќе го истетовира ликот на селекторот на репрезентацијата Луис де ла Фуенте. Кукуреља неодамна на своето тело додаде уште една тетоважа на десната рака, што ќе го потсетува на најголемиот …

Continue Reading

Вардар не издржа во Рига, падна во продолженијата

Вардар ги заврши настапите во европските купови за сезоната 2026/2027. Македонскиот шшампион откако во првото коло испадна од Лигата на шампионите, вечерва го заврши настапот и во квалификациите, во Конференциската лига. Вардар, по поразот во Скопје од Рига (2:3), загуби и во реваншот во Латвија со 5:2. Црвено-црните беа на чекор до сензација, имаа водство од 2:0 до 87-та минута, …

Continue Reading

Гвардиол „граѓанин“ до 2031 година

Фудбалскиот репрезентативец на Хрватска, Јошко Гвардиол, го продолжи договорот со Манчестер Сити до летото 2031 година, објави англискиот клуб. Гвардиол (24) пристигна во Манчестер Сити во 2023 година од Лајпциг. Хрватскиот фудбалер одигра 122 натпревари за англискиот клуб и постигна 13 гола. Освои шест трофеи со клубот од Манчестер. „Кога слушнав дека Сити ми понуди продолжување на договорот, веднаш знаев …

Continue Reading

„Нуклеарна бомба за фудбалот“ – Инфантино го продава Мундијалот

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, наводно размислува за продажба на акции од Светското првенство на приватни инвеститори, објавува „Фајненшл тајмс“. Оваа идеја и нејзината потенцијална имплементација веќе се опишани од спортските инсајдери како вистински „нуклеарен удар“ врз фудбалскиот свет. Според истиот извор, ФИФА планира да основа нова компанија која би ја презела контролата врз организацијата и комерцијалните права на Светското …

Continue Reading

Италија најде селектор

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија, Џовани Малаго, откри дека Роберто Манчини наскоро треба да стане селектор на „Аѕурите“. По „не“-то за Андреа Пирло и оставките на Паоло Малдини и Леонардо, во вторник се одржа итен состанок на Сојузот. „Разговарав со Роберто Манчини за тоа да стане нов селектор. Чекаме негов потпис“, рече Малаго. Манчини веќе еднаш беше селектор, во …

Continue Reading

Ливерпул и ПСЖ во преговори за Баркола

Ливерпул отвори преговори со претставници на Бредли Баркола и Пари Сен Жермен. Договорот ќе зависи од тоа дали двата клуба ќе се согласат за финансискиот дел од трансферот. Францускиот репрезентативец стави до знаење дека не сака да го продолжи договорот со европскиот шампион и е отворен за преселба на „Енфилд“. Ливерпул го следи долго време, но цената што ја постави …

Continue Reading

Шпански новинар: Винисиус користи тактики што Реал ги презира

Винисиус Жуниор (26) се соочува со сериозно предупредување дека неговата тактика во преговорите со Реал Мадрид би можела да значи и крај на кариерата во клубот, по примерот на поранешниот капитен Серхио Рамос. Преговорите за нов договор се во застој, а сегашниот трае уште една година. Ситуацијата ја следи Арсенал, кој е подготвен да му понуди на Бразилецот статус на …

Continue Reading

Зидан официјално ја презеде Франција

Легендарниот фудбалер Зинедин Зидан официјално стана нов селектор на Франција. Она што беше објавено уште во ноември, сега доби официјална потврда. Поранешниот тренер на Реал Мадрид го наследи Дидие Дешан на клупата на „триколорите“, со што заврши една од најдолгите и најуспешните ери на селекција во модерниот фудбал. Дешан ја водеше Франција 14 години. Својот најголем успех го постигна со …

Continue Reading

Премиер лигата не дозволува реклама на обложувалница на предната страна од дресовите

Од сезоната 2026/27, официјално стапи на сила долгонајавуваната забрана за рекламирање на обложувалници на предната страна од дресовите на клубовите од Премиер лигата. За прв пат по многу години, ниту еден од 20-те клубови од англиската Премиер лига нема лого на обложувалница на градите од својот дрес. Оваа одлука претставува една од најголемите промени во комерцијалната политика на англискиот фудбал …

Continue Reading